Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dup cetvrt devet10.01.2018  Општина Кочани планира да ја урбанизира Градската четврт 9 со што би можело да се изградат објекти за живеење. Се работи за просторот во населбата Драчевик, што се наоѓа меѓу улиците “Февруарски поход“, “Ѓорче Петров“, “1 Мај“, “Роза Петрова“, “552“ и десниот магистрален канал, а зафаќа површина од околу 16,5 хектари.

Оваа локација подолг период стоеше празна, иако во нејзиното окружување веќе се изградени поголем број објекти, односно куќи.

Со предложениот ДУП се вцртани околу 250 парцели кои се дел од проектот “Купи куќа за млади“ чиј носител е Министерството за транспорт и врски, поради што тоа е нарачател на документот што го изработи државната Агенција за планирање на просторот, а Општината беше обврзана да изнајде слободен простор наменет за реализација на планот.

- Генерално, намената е домување во индивидуални куќи, а се предвидува и локација за детска градинка и основно училиште, како и зелени површини, парковски и спорт и рекреација во планскиот опфат, рече Марија Салтирова Јовановска, одделение за урбанизам на Општина Кочани.

Дел од присутните на јавната презенатција, како и претставници од Локалната самоуправа имаа забелешки за начинот на кој се планирани парцелите, односно дека тешко ќе се обезбеди искористеност на просторот од 250 метри квадратни, со оглед што е дозволена изградба на објекти со приземје, два ката и поткровје. Исто така, беше побарано да се направат и одделни измени за парцелите на кои се започнати или веќе се изградени објекти, а чија површина ја надминува максимално дозволената или пак во иднина не ќе може да се прави надградба, иако не се во спротивност со планот за градење кат или поткровје.

Од Одделението за урбанизам ги потсетија граѓаните кои не беа присутни на презентацијата дека имаат можност своите забелешки да ги достават по писмен пат.

- Планот во моментот е на јавен увид, односно на јавна анкета, истакнат е на огласната табла на влезот на општинската зграда и на веб-страницата на Општина Кочани и анкетата трае од 9 до 15 јануари и во овој рок сите заинтересирани лица можат да достават предлози и забелешки на анкетни листови за планскиот опфат, додаде Салтирова Јовановска.

Анкетните листови можат да се земат од архивата или од веб-страницата на Општината или пак во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови треба да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата на која се однесува предлогот или забелешката.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 61%
Ветер: West при 4 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 145 гости и нема членови


web counter



qr code