X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogovo natprevar2110.01.2018  Иако до почетокот на пролетниот дел од првенството во Втората фудбалска лига има нешто повеќе од месец и половина, сепак стручниот штаб на второлигашот “Осогово“ размислува за почеток на подготовките. Првата прозивка на фудбалерите по едномесечната пауза е планирана за 20 јануари.

Во меѓувреме, веќе се договорени контролни пријателски натпревари на кои со сигурност ќе настапат фудбалерите кои и во есенскиот дел ги бранеа боите на кочанскиот тим.

Засега, добиена е согласност “жолто-сините“ да ги одмерат силите со кавадаречки “Тиквеш“, “Македонија“ од Ѓорче Петров и пехчевски „Кит Го“, а во план е нашата екипа да одигра уште неколку натпревари.

Се уште нема официјална потврда дали се договорени трансфери со играчи кои треба да ги засилат редовите на екипата, иако на вонредното годишно изборно собрание имаше најави дека се преговара со неколкумина. Единствено од екипата во продолжението на првенството ќе отсуствува голманот Данев, кој веќе побарал да биде изземен од плановите за настап за нашиот второлигаш.

Додека траат плановите за подготовките, истовремено се размислува и за обезбедување на потребните финансиски средства за помирен настап во вториот дел, за што проценките беа дека се неопходни околу 800 илјади демнари. Тоа е и една од главните задачи што си ги постави новиот Управен одбор на клубот.

Инаку, пролетниот дел од првенството ќе започне на 3 март, а во првото коло “Осогово“ ќе биде слободно со оглед што, според распоредот, требаше да му гостува на “Хоризонт Турново“, екипа која уште есента го откажа настапот во лигата.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Недела-1°C/6°C
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click