Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

crkva kocani10.01.2018  Во 2017 година повеќе починале отколку што се родиле во Кочани, бележи статистиката на православниот храм „Св. Вмч. Ѓорѓи. Така, во 2017 година кочанскиот храм бележи 18 погреби повеќе од 2016-та, а 25 помалку крстени. Венчавките пак, се во пораст за 16 повеќе од лани.

- Според статистиката која што се води во протоколните книги во храмот „Св. Вмч. Ѓорѓи“ во Кочани бројот на крстени во 2017 изнесува 255, што за разлика од 2016 се крстени 25 деца помалку. Венчани се 128 парови, што се за 16 повеќе од претходната година, додека бројот на погребани лица изнесува 261 што е за 18 повеќе од 2016 година, рече Димитар Арсовски, ѓакон.

Инаку, од 255 крстени во 2017-та, 5 се возрасни лица, а останатите се новороденчиња, од кои 18 се трето дете, а 2 се петти во фамилијата.

Што се однесува за 2015 година пак, бројот на венчавки бил ист како бројот во 2016 и изнесувал 112, во пораст бил и бројот на крштевки за 44 во 2016-та во однос на 2015 година, а на погреби намален за 23, што не е случај со 2017 година кога бројот на погреби е во пораст.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 61%
Ветер: West при 4 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 140 гости и нема членови


web counter



qr code