Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

metodi aledar11.01.2018  Уште една голема хуманитарна забава за помош на Методи Митев ќе биде органирана во вторник на 16 јануари во хотел ресторанот Але-Дар со почеток во 20 часот.

Влезницата изнесува 100 денари, средтсва кои што ќе бидат наменети за Митев, а дополнително сопствениците на Але Дар хуманитарно ќе дадат  средства и и од собраниот промет.

  Присутните гости ќе ги забавуваат естрадните уметници од македонската музичка сцена, Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Влатко Лозановски, Ване Грозданов, Ибуш Ибраимовски и Ристе Ристевски. 

- Органиизраме голема хуматирна забава за Методи Митев на 16 јануари вторник со почеток во 20.00 часот. Ќе имаме естрадни уметници од македонската естрада. Ги поканувам сите хумани граѓани да дојдат да му помогнеме на Митев да ги собере потребните средства за опеарцијата во Кина која што му е закажана за 15 март. Сите собрани средства од влезниците и дел од прометот што ќе биде остварен таа вечер ќе биде донирано за него, рече Александар Алексов, организатор на концертот.

Методи Митев боледува од хередитарна параплегија која му ги одзема нозете и не може да оди. Единствена надеж му даваат лекарите во  Кина кои што му закажаа операција за  15 март 2018 година, а до потребната сума му недостасуваат уште 3.000 евра. Затоа Митев ги моли сите хумани граѓани за помош да може да ги до собере парите, а воедно се заблагодари за дадената поддршка што му ја дадоа граѓаните на големиот хуманитарен концерт што на 14 декември беше организиран за него.

- Голема благодарност до сите граѓани кои што додјоа на големиот хуманитарен концерт што на 14 декември се органиизраше за мене и се собраа 6.000 евра. Парите се ставени на сметката. Сега ми се потребни уште 3.000 евра за да заминам за Кина затоа ги молам сите хумани граѓани да ми помогнат и да присуствуваат на големата хуманитарна забава што за мене ќе се одржи на 16 јануари во ресторанот Але-Дар, рече Методи Митев.

Организаторите осавен до естрадните уметници кои што ќе пејат за помош на Митев, упатија и голема благодарност до спонзорите кои што несебично прифатија да помогнат, печатницата Мастер Принт, ресторан Але Дар и медиумите Радио Лакоста, Канал 5 и Канал 8 телевизија.

Инаку, за сите оние кои што сакаат дополнително да донираат за Методи Митев тоа можат да го сторат и во кутиите кои што ќе бидат поставени на денот на забавата во Але Дар, како и на жиро сметката во Тутунска банка бр. 210700000626368.

Т. Велкова 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 61%
Ветер: West при 4 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 146 гости и нема членови


web counter



qr code