Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

opsta bolnica kocani12.01.2018  Само по еден лекар или ако се двајца, едниот скоро ќе замине во пензија. Ваква е состојбата со скоро сите одделенија во кочанската Општа болница каде што недостигот на лекари е долгогодишен проблем и не се решава преку ноќ.

Некои гранки функционираат без специјалист. На пример, во биохемиската лабораторија, откако специјалистот заминал во пензија друг не дошол, а нема испратено ниту на специјализација, што значи скоро не се ни очекува лекар на оваа гранка.

На рендген има двајца лекари од кои едниот за кратко време ќе замине во пензија, значи Рендгенологија ќе остане со само еден рендгенолог што е апсурд за болница како кочанската, која што покрива голем број жители.

Најкритична е физикалната амбуланта каде што повеќе години нема ниту еден доктор, но од оваа гранка болницата нема испратено ниту на специјализација, така што уште неколку години физикалната терапија ќе функционира без доктор.

Алармантна е состојбата и на останатите гранки. Гинекологија функционира со само двајца гинеколози, а во консултација со директорката на општа болница д-р Борка Панова вели дека на гинекологија се потребни уште минимум двајца гинеколози, барем да бидат 4 ца за да може да се покрие населението. Жална и променета на полошо е и хирургија. На ова одделение има само двајца хирурзи и еден ортопед, но најмалку уште двајца се потребни за да функционира одделението, вели Панова.

На Интерно се четворица, но тука се потребни најмалку уште тројца нови, бидејќи за кратко време еден заминува во пензија и ќе се јави голем недостиг на лекари интернисти. На Неврологија и Психитарија има по двајца лекари специјалисти, а ќе се вработат уште по еден невролог, во психијатрија потребно е минимум уште еден психијатар, додава Панова. На анестезија во моментов работат четворица анестезиолози, но за кратко време двајца ќе заминат во пензија, што значи и тука недостигаат лекари.

Што се однесува за најранливата категорија граѓани децата, на Детско одделение во моментов има тројца педијатри, а двајца се испратени на специјализација, што значи по нивното завршување, Детско би требало да се комплетира со 5 лекари педијатри. Очна и кожна амбуланта имаат само по еден лекар што значи и тука недостигаат најмалку уште по двајца.

Засега недостигот од лекари специјалисти кочанската болница го решава со доаѓање на лекари специјалисти од здравствените установи од други општини, но така проблемот не е решен трајно.

Во разговор за Канал 8 директорката на болницата д-р Панова вели дека за овој проблем требало на време да се мисли и да се пуштат лекари на специјализација, па да можат до сега да бидат завршени специјалисти и да можат да работат на одделенијата, бидејќи проблемот со недостигот не се решава преку ноќ.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 175 гости и нема членови


web counter



qr code