Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Gasovod312.01.2018  Најавите на владини претставници дека во практика ќе започне реализацијата на усвоената Студија за гасификација и дека во Источниот регион, Штип ќе биде првата општина од каде ќе стартува процесот, го отвора прашањето дали тоа ќе ги опфати и соседните општини.

Тоа пред се се однесува на Кочани и Виница, не само поради релативната близина до главната гасоводна цевка, туку и поради конфигурацијата на теренот и геолошките карактеристики на почвата.

Информациите дека штипјани се во предност затоа што од општинскиот буџет издвоиле околу 6 милион денари за изработка на проектната докуменатција, покажуваат дека и другите локални самоуправи треба да го следат примерот за што побрзо да се приклучат на дистрибутивната мрежа.

- E во предност во однос на другите општини, затоа што на само 3 километри од Штип е главната гасоводна мрежа. Главната мерна регулациона станица е веќе во состојба да мoже да дава гас за Штип, рече Благој Котески, директор на Македонски енергетски ресурси.

До сега немаше подетални информации дали претходната локална власт во Кочани презела активности и ако тие се започнати до каде е евентуалната подготовка на потребните плански документи за гасификација. Во Планот на програми за развој, што на крајот на минатата година ги усвои новиот Советот на Општината, беше наведено дека до 2020 година се планира изработка на документација за базна гасна станица, но без планирани суми, а не беше споменато дали ќе се работи и на план за детална мрежа за гасификација. Сепак, тоа не значи дека не може да се направат евентуални измени и дополнувања, да се изнајдат средства во Буџетот и навреме да се фати чекор со соседниот Штип.

Дополнително ќе можат да се искористрат и средства од државата со оглед што се најавува дека Владата планира да формира Фонд за поддршка на проекти од општините, кои ќе се финансираат од ИПА и други програми на ЕУ. Фондот ќе обезбеди постојани и сигурни финансиски средства за капитални инфраструктурни проекти меѓу кои и гасификацијата. Во државниот буџетот за годинава се предвидени 35 милиони евра за гасификација.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NW при 6 kmh
/
/
/
/
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code