Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

hotel centar215.01.2018  Депонијата и нелегалниот јавен тоалет што со години се наоѓа во и околу поранешниот хотел “Турист“, односно “Центар“ е една од најзапуштените локации во централното градско подрачје на Кочани.

Повеќето реакции на граѓаните, пишувањата на медиумите, упатените петиции до општинските служби до сега останаа без ефект.

Сместен на само стотина метри од Локалната самоуправа овој објект е одраз на човековата некултура, негрижа и неодговорност. Без логично објаснување е зошто во изминатиот период не се презеде ништо за барем малку да се промени грдата слика што е неизбежна за секој жител на Кочани или за официјален гостин од земјата или странство.

По последната анкета на Канал 8 во која ги пренесовме реакциите на граѓаните, слична дискусија се разви и на социјалнте мрежи, каде мислењата се слични со оние кои своите ставови ги искажаа пред камера.

Од комуналната инспекција во Општина Кочани во краткиот телефонски разговор рекоа дека не можат многу да сторат бидејќи поранешниот хотел сега бил приватен објект, а имало и нерасчистени имотно-правни односи околу земјиштето, односно со дворната површина. Пред неколку месеци имало петиција од граѓаните, по што комуналниот инспектор доставил барање до КЈП “Водовод“ да го исчисти просторот и тука завршила надлежноста. Сепак, тој најави дека наскоро ќе достави слично барање и до Советот на Општината за да даде согласност комуналците редовно да го чистат просторот, без разлика што се работи за приватна сопственост.

Од санитарната инспекција рекоа дека досега не добиле реакција од граѓаните, а тие и немале надлежност да постапуваат, затоа што комуналното уредување е обврска на Локалната самоуправа.

И додека се се врти во круг, проблемот останува нерешен, на штета на сите, иако уште пред неколку години од тогашниот градоначалник Димитровски имаше ветување дека Општината ќе преземе некакви мерки.

- Хотелот “Центар“ е во приватна сопственост, да се разбереме. И Општината не може да влијае. Може да влијае околу тоа да ги присили да се одржува хигиената околу него. И вашата сугестија ќе биде прифатена и ќе настојуваме сепак да се изгради таму нешто. Значи, надлежност е да водиме грижа за уредувањето околу него, дали ќе се фрла шут, трева и така натаму. Тоа ќе се преземе, рече во јануари 2014 година, Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Општина Кочани.

Сепак, многу малку или скоро не беше преземено за да се среди околината на објектот, без раазлика дали за тоа требаше да реагира Општината или сопственикот.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code