Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vodici vinica 201819.01.2018  Организирано одбележувањето на Богојавление во општина Виница се одржа во поголемите населени места, како и во градот.

Годинава Ангел Наумов од Виница го послужи среќата и имаше најмногу успех во фаќањето на крстот што беше потопен во Виничка Река. Голем број православни христијани присуствуваа на свечениот чин на водосветот што традиционално се изведува во месноста Ширината, на горниот тек од реката.

Десетина верници скокнаа во студената река за да го фатат светиот крст, а Наумов беше побрз од еден од повозрасните што се најде во водата и успеа да стигне прв.

- Се фрлам пет пати, прв пат го фаќам крстот, вработен сум. Здравје, среќа на сите, бериќетна година, рече Ангел Наумов.

Од православниот храм “Свети Архангел Михаил“ Наумов на подарок доби икона.

- Најдоброто решение е да има мир во домот, мир и среќа. Како Бог што се јавил, нека има светлина во секој дом, честито. Ние му подаруваме една икона со нашиот закрилник и светител кој во 2017 година беше канонизиран. Тоа е иконата на светиот Гаврил епископот Велички, нека е за здравје, да се сеќаваш на фаќањето на светиот крст, рече Бранко Богданов, старешина на храмот „Св. Архангел Михаил’.

Наумов се заблагодари за подоарокот и рече дека вообичаено на Водици учествува групно со своите другари и оти очекува среќата да ги следи не само него, туку и сите граѓани што го одбележуваат големиот празник. Успехот на младиот виничанец му го честиташе и градоначалникот Ивица Димитров, при што од име на Општината му подари лаптоп компјутер.

- И оваа година Општина Виница за најсреќниот, односно оној што го фати крстот во водите на Виничка Река доделува лаптоп, а за првпат Општината и во сите населени места доделува и таблет, така пшто поделени се 9 таблети во населените места, а во градот Виница е даден лаптоп. Нека им е за многу години празникот на сите и Господ нела им дава среќа, успех на сите што скокаа по крстот да бидат живи и здрави, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Исто така, подароци за лицата кои учествуваа во одбележувањето на Водици, додели и компанијата “Зегин“. На крајот, со заедничка фотографија пред храмот “Св. Архангел Михаил“, присутните си посакаа здравје и среќа, и бериќет во годината што започна.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 312 гости и нема членови


web counter



qr code