Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vodici zrnovci 201819.01.2018  Голем број верници се собраа да го проследат потопувањето на крстот и осветувањето на водите на Зрновска река во општина Зрновци.

Од десеттината пријавени годинава крстот отиде во рацете на 23 годишниот Даниел Ристов од Мородвис кој втор пат се пријавува за чинот, а досега еднаш го има фатено во оваа општина.

- Ова ми е втор пат како се фрлам по крстот и втор пат го фаќам. Многу сум среќен и на сите граѓани и посакувам среќа и здравје, рече Даниел Ристов.

- На сите граѓани на општина Зрновци им го честитам денешниот голем христијански празник Водици и им посакувам бериќетна година исполнета со многу здравје, среќа и радост. На најсреќниот што го фати крстот му посакувам многу здравје, среќа и успеси во текот на годината, рече Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Од градоначалникот Станков најсреќниот Ристов доби подароци, а од тамошниот храм „Св. Димитриј“ каде што утрово се одржа Света Литургија доби Библија и икона на Светиот Јован Крстител. Градоначалникот и парохијскиот свештеник Лазар Коцев му го честитаа фаќањето на крстот и му посакаа да го следи благодат и среќа во текот на целата година.

Т. Велкова

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 227 гости и нема членови


web counter



qr code