Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vodici teranci 201819.01.2018  Стојанче Ристов беше најуспешен меѓу дваесет и двајцата православни верници од општина Чешиново - Облешево кои скокнаа по светиот крст во водите на Брегалница.

Централниот настан на одбележувањето на празникот Богојавление се одржа на мостот кон селото Теранци каде се собраа поголем број граѓани од ова и другите населени места. Тие дојдоа да го видат чинот на потопување на крстот, како и момчињата кои храбро влегоа во студената вода продолжувајќи ја верската традиција.

- Оваа година ми е првпат како скокам по крстот и прва среќа, за прв пат го фатив. Од годината очекувам да биде бериќетна, да има здравје, среќа, љубов, се по ред, рече Стојанче Ристов.

Ристов доби подарок од Македонската православна црква, а од општина Чешиново-Облешево годинава наградата беше икона од Богојавление, што лично му ја предаде градоначалникот Горанчо Крстев.

- Како градоначалчник на Општина Чешиново-Облешево на сите православни верници им го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици и им посакувам многу среќа, успех, љубов и здравје во оваа година, рече Горанчо Крстев, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.

Освен на мостот кај Теранци, одбележување на празникот Водици во општина Чешиново-Облешево одделна црковно-верска церемонија се одржа и во Чифлик каде крстот го фати Васе Нисов, како и во населените места во Спанчево, Соколарци, Кучичино и Жиганци. И таму најуспешните во скокањето по светиот крст како подарок од Општината добија икони.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 309 гости и нема членови


web counter



qr code