Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

grb zname tito22.01.2018  Измена во изгледот им претстои на актуелниот грб и знаме на Општина Кочани. Постапката е започната со тоа што иницијативата ќе ја разгледува општинскиот Совет кој треба да даде согласност, по што според најавите ќе се објави јавен конкурс за идејно решение.

Првиот филтер е веќе поминат откако Комисијата за култура, образование и спорт даде зелено светло ова прашање да биде дел од дневниот ред на редовната сединца на Советот, закажана за в среда.

Образложение за постапката дадоа од општинската администрација, при што беше нагласено дека ќе биде неопходно и менување на Статутот на Општината.

- Во Статутот се дадени елементите и на грбот и на знамето, а доколку се усвои оваа одлука ќе следи согласно Статуто, треба да се распише конкурс, Советот го распишува конкурсот, и во исто време формира посебна комисија која ќе ја спроведе постапката, односно на конкурсот ќе се побара ликовно, односно графичко решение и на грбот и на знамето. Од истите, Kомисијата ќе предложи, а Советот со посeбна одлука ќе го избере решениетo на конкурсот, а дури потоа ќе се пристапи кон измена на Статутот, рече Венцо Бојков од Одделението за правни работи на Општина Кочани.

Актуелниот грб и знамето на Општина Кочани беа беа усвоени на седницата на Советот што се одржа на 29 јануари 2010 година. Нивен автор е Стојанче Величковски, откако неговите предлози беа избрани на конкурсот што тогаш беше објавен.

Освен за промената на симболите на Општината, Комисијата за култура образование и спорт ја разгледуваше и предлог-листата за именување улици, на која покрај другите стојат и имињата на некогашните претседатели на Македонија, Киро Глигоров и на Југославија, Јосип Броз Тито. Сепак, предложено беше наместо целиот, да се стави поранешниот назив “Маршал Тито“, за што со три гласа “за“ и еден “воздржан“ исто така беше дадена согласност.

Освен овие, на листата за која ќе се бара согласност од Владата на Република Македонија има уште 10 имиња на личности кои дале свој придонес за развојот на општината. Исто така, предложени се и називи со датуми што се значајни за македонската и светската култура и историја, потоа имињата на градовите со кои Општина Кочани е збратимена, како и имињата на географските обележја Пониква и Султан Тепе, односно Царев Врв.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 294 гости и нема членови


web counter



qr code