Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fk osogovo januari201822.01.2018  Дваесетина фудбалери на ФК “Осогово“ се одзваа на првата прозивка што пред почетокот на подготовките за пролетната сезона ја закажа шефот на Стручниот штаб, Крсте Крстев.

На краткиот состанок во клупската соблекувална веднаш можеше да се забележи отсуството на повеќе играчи кои досега го носеа жолто-синиот дрес, но имаше и нови лица кои за првпат ќе настапуваат за кочанскиот второлигаш. Крстев накратко им го образложи планот за работа во наредните неколку недели до стартот на вториот дел од првенството, при што нагласи дека очекува максимално залагање и сериозна работа, за да се исполни главната цел – опстанок во лигата.

Притоа рече дека покрај тројцата нови играчи, за кои од клубот веќе ја информираа јавноста, во меѓувреме пристапиле уште толку.

 

- Договоривме шест фудбалери и се надеваме до крајот на неделата да ни пристигнат уште 3-4 фудбалери, со што ќе го заокружиме ростерот на ФК “Осогово“ и со добри подготовки се надеваме спремни да го дочекаме првенството, со тоа што би се надевале на успех, а успех е опстанок во Втората лига – исток, рече Крсте Крстев, шеф на Стручниот штаб на ФК “Осогово“.

Крстев рече дека покрај потпишпаните договори со Петар Јаневски од штипска “Брегалница“ и Владимир Жоглев и Христијан Митревски од “Победа“ од Валандово, во “Осогово“ дошле и Никола Стоиловски од “Академија Пандев“, Никола Костадинов од “Победа“ - Валандово и Слаѓан Митевски од кратовски “Силекс“. Покрај нив во клибот имало и уште неколкумина има фудбалери на проба, а во текот на оваа недела се очекува на тест период да се приклучат уште неколкумина.

Покрај новодојдените играчи, новина има и во составот на фубдалерите што настапуваа вотекот на есента.. Во пролетната полусезона за клубот нема да настапува Игорчо Данев кој ја заврши кариерата. Освен него, поради досегашните лоши и катастрофални резултати, како и поради недисциплина соработката им е откажана на голманот Петар Лазаров и на фудбалерите Пепи Данилов, Благојчо Коцев, Мирче Натков, Борче Максимов, Кире Стојков, Драгослав Здравков и Мартин Ѓорѓиев.

Крстев рече дека очекува подготовките да поминат споре планот, а ќе се треинра во Кочани.

- Целосно се планирани подготовките на градскиот стадион, при што за периодото од 3 до 11 февруари имаме испланирано да имаме двапати тренинг. Инаку имаме испланирано и седум пријателски натпревари, од коишто три се со второлигашки екипи, две третолигашки, една прволигашка, имаме планоирано и една со “Дубочица“ од Србија. Во тие седум пријателски натпревари се надевам дека ќе направиме добар филтер, ќе направиме добра подготовка и на едно високо ниво ќе го започнеме првенството, додаде Крстев.

Контролните пријателски натпревари се закажани со “Кожув“, “Победа“ – Прилеп, “Тиквеш“, “Кит го“ – Пехчево, “Македонија Ѓорче Петров“ и “Детонит“. Од нив четири ќе бидат на домашен терен, а три се гостувања, меѓу кои и она со “Дубочица“ во Лесковац.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 312 гости и нема членови


web counter



qr code