Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

po patekite tose plakat22.01.2018  Граѓаните на Кочани уште еднаш да ја покажат хуманоста на дело, повикува Тоше Илијев од Кочани кој што и годинава по шести пат го организира хуманитарниот концерт со наслов „По патеките на Тоше“.

Ќе се одржи на 25 јануари во спортската сала во Кочани со почеток во 20 часот со една единствена цел, да му се помогне на Андреј Стојанов на кој му се потребни финансиски средства за да замине на лекување во Русија.

Организаторот Тоше Илијев со концертот ја продолжува хуманата мисија на Тоше Проески кој што пак додека беше жив му помогна на ист начин со хуманитарен концерт во Кочани за негова операција. Токму и затоа концертот се одржува секоја година на истиот датум 25 јануари на роденденот на Проески.

 - На 25 јануари, четврток, ќе го организирам шестиот хуманитарен концерт „По патеките на Тоше“. Ги поканувам сите граѓани да ја покажат својата хуманост и да дојдат на концертот. Оваа година ќе се обидеме да му помогнеме на нашиот сограѓанин Андреј Стојанов за да ги собере парите што му се потребни за лекување во Русија, рече Тоше Илијев, организатор на концертот.

На концертот ќе настапат локални кочански групи „Криптон“, „Шекспир бенд“, Драгана Јорданова, Виктор Постолов, Оливер Стаменков, „Акустик Мендес“ со Јоле, Сања Златкова, Дејвид Стојков, Коко Бенд и Дарко Тоневски. Ова е шеста  година по ред на одржување на концертот. Претходните пет беа организирани исто така за наши сограѓани на кои им беше неопходна помош. Влезницата на концертот и годинава изнесува 100 денари.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 13 kmh
Понеделник3°C/8°C
Вторник3°C/9°C
Среда4°C/9°C
Четврток4°C/10°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 115 гости и нема членови


web counter



qr code