Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

turist dvor iscisten23.01.2018  Подобрена е грдата слика што подолг период беше карактеристична за дворната површина околу поранешниот хотел “Турист“, односно “Центар“ во Кочани.

Екипи на КЈП “Водовод“ претпладнето интервенирале во собирањето на купиштата отпадоци и во расчистувањето на околината на објектот што со години стои запуштен. Полната тракторска приколка е евидентен доказ за тоа дека повеќе од неопходна била итна акција за колку-толку да се стави некаков ред.

- По реакција на граѓаните од општината, во делот околу поранешниот хотел “Турист“ пристапивме кон расчистување на дворното место и уредување внатре. Пуштивме наши луѓе, механизација од “Комунална хигиена“ и од “Зеленило“ за да го расчистиме тој потег бидејќи се наоѓа во централното градско подрачје и малку тој дел да го подобриме, рече Андреј Киров, в.д. директор на КЈП “Водовод“.

Киров рече дека комуналното претпријатие нема обврска да го чисти просторот на поранешниот хотел, затоа што се работи за приватен објект, иако за дворната површина имало нерасчистени имотно-правни односи, односно земјиштето се уште официјално се води во државна сопственост. И покрај тоа, комуналците самоницијативно презеле обврска во иднина неколкупати годишно да го чистат дворното место за да се избегне создавањето нова депонија, но ги повикаа и граѓаните да дадат свој придонес.

- Сакаме да упатиме и еден апел кон граѓаните за подигање на јавната свест во делот на чистотата, и самите тие да се вклучат во тој дел, односно да ни помогнат со отпадот којшто треба да го изнесуваат на местата што се определени за тоа, дали ќе биде во канта или контејнер, за да можеме ние да пристапиме кон навремено изнесување на истите тие контејнери и канти, додаде Киров.

Последните реакции на граѓаните го вклучија алармот за надлежните дека објектот и околината на поранешниот хотел во Кочани е убедливо една од најгрдите и најзапуштени локации во централното градско подрачје. Од комуналната инспекција рекоа дека им се вразни рацете поради нерасчистената сопственост на просторот, но во соработка со КЈП “Водовод“ ќе издаваат налози за редовно одржување во рамки на надлежностите.

Сепак, останува отворено прашањето кога конечно сопственикот на објектот ќе преземе активности за негово средување, со што и овој дел од градот ќе добие подобар изглед и нема да буди чувство на јавен срам поради нечија несовесност и неодговорност.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 296 гости и нема членови


web counter



qr code