Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

blagojco paunov23.01.2018  Благој Паунов, пожарникар-спасител во Територијалната противпожарна единица, со решение на градоначалникот Илијев е именуван за вршител на должноста командир на ТППЕ – Кочани.

Одлуката била донесена неодамна, а на пожарникарите им била соопштена во понеделниот попладне.

Новиот в.д. командир Паунов има десетгодишно работно искуство во Противпожарната единица – Кочани, а доаѓа на местото на Дејанчо Арсов, кој поднесе оставка од челната пожарникарска позиција.

Територијалната противпожарна единица – Кочани брои 19 пожарникари кои дејствуваат на територијата на поранешна Општина Кочани, односно интервенираат и на подрачјето на Зрновци и на Чешиново-Облешево.

Со оглед на постојната техничка и кадровска екипираност, неопходно е зајакнување на капацитетот на единицата за да може успешно да одговори на поставените задачи, меѓу кои освен гаснењето пожари, се и интервенциите при спасување повредени во сообраќајни несреќи и слични случаи.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 85 гости и нема членови


web counter



qr code