Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kosarka basket dino m1223.01.2018  Спортската сала со која во изминатаите години управуваше ОУ “Св. Кирил и Методиј“ најверојатно и понатаму ќе остане во негова надлежност.

Од училиштето веќе поднеле барање до Советот на Општина Кочани да го продолжи претходно определениот рок што истече на крајот од 2017 година.

Надлежноста над овој објект во изминатите десетина години доживеала промена, откако со одлука донесена во 2007 година Советот го дал на управување на тогашниот Сојуз на спортови, и тоа за период од шест месеци. По истекот на овој период, била извршена измена на одлуката, со што рокот е продолжен на 2 години.

Во 2008 година пак, времетраењето на одлуката за користење на објектот бил продолжен за седум години, но во меѓувреме дошло до нова промена со која салата е дадена на управување на друг корисник.

- Во 2010 година Советот на Општина Кочани со посебна одлука, наместо на Сојузот на спортови управувањето и стопанисувањето со салата го довери на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ и од тие причини, на нивно барање сега, вршиме уште една измена, ставаме 15 години, што значи до 2022 година, со спортската сала, доколку Советот ја донесе оваа одлука, ќе управува и стопанисува ООУ “Св. Кирил и Методиј“, рече Венцо Бојков од Одделението за правни работи на Општина Кочани.

Потврда за одлуката за која имаше согласност од Комисијата за култура, образование и спорт, ќе треба да даде и Советот на општина Кочани, на седницата што е закажана за в среда.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 85 гости и нема членови


web counter



qr code