23.01.2018 Екипата на “Унипаб“ е елиминирана од натамошните борби за освојување на Kупoт на Макеодонија во футсалl, откако доживеа минимален пораз од 6:5 на гостувањето против тимот на “Цико“ од Стојаково, општина Богданци.
Иако до крајот на натпреварот се водела неизвесна резултатска битка, а нашиот тим во еден момент имал и предност, сепак на крајот домашните фудбалери кои настапуваат во Првата футсал лига имале поголема спортска среќа и знаење, па успеале да стигнат до победата.
Со оглед што според правилата за куп натпреварувањето се игра на еден добиен натпревар, односно нема реванши, во четвртфиналето ние ќе немаме претставник.
Инаку, во деновите од претстојниот викенд ќе продолжи вториот дел од првенството во Втората футсал лига. Екипата на “Унипаб“ во првото коло по паузата за противник го има тимот на “Рудник Саса“ од Македонска Каменица. Натпреварот ќе се игра в недела.
Вториот претставник од Кочани во футсал лигата, “Торпедо“ пак, ќе гостува во Кавадарци на натпреварот против “Црна Река“.
T. Aјтовски
7°C
Кочани