Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica sovet januari201824.01.2018  Разгледувањето на годишниот план за вработување во КЈП “Водовод“ за 2018 година уште на самиот старт ја загреа атмосферата на седницата на Советот на Општина Кочани.

Законската обврска според која советниците треба да дадат согласност за документот, што потоа треба да биде доставен во Министерството за информатичко општество и администрација, на моменти предизвикуваше дискусии со повисок тон, а главната поента беше дали се потребни нови вработувања и која локална власт колку работници ангажирала.

- Во 2009 година, кога се смени власта во КЈП “Водовод“ беа затекнати 257 вработени, моменталната состојба е 208, значи повеќе години се работеше на намалување на вработените, за сега за неколку месеци од вашето владеење истите да ги зголемите на повеќе од 2009 година што било, значи 267, значи на крајот од годината треба да имаме 267 вработени, рече Снежана Хаџи Паунова, член на Советот на Општина Кочани.

- За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да поставиме еден нов систем, нов начин на владеење во којшто најважно или пред се би било транспарентноста пред граѓаните, отчетноста пред граѓаните, но не фиктивна, туку вистинска, Затоа, убаво споменавте дека планот треба да се донесе до 31 март за следната година, јас ќе ве прашам дали воопшто има донесено план за вработување во комуналното претпријатие во последните 8 години. Не, затоа што тоа е единствено дискреционо право на директорот на комуналното јавно претпријатие. Ние нема така да работиме, значи мора да донесеме план, граѓаните треба да се запознаени дали ќе има нови вработувања и колку ќе бидат тие нови вработувања во општинската администрација и во Ллокалната самоуправа, меѓутоа и во комуналното јавно претпријатие, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

- Мораме да кажеме дека вие го осудувавте претходното раководство и работењето на градоначалникот, дека биле превработени. Само да ви кажам, за информација, тоа го кажа и колешката, во 2009 година имало 260 и незнам колку вработени, ние стигнавме до 230 вработени. Со тоа што, за разлика од ова што сега се прави, значи за планот мора да знаат граѓаните, во ова повеќе од 80-90 отсто станува збор за вработување на лица во администрација. Таа превработеност знете ли кого ќе оштети, ќе ме оштети мене и вас и граѓаните и сите, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

И наместо да се смири, дискусијата уште повеќе се вжешти, со барање за дообјаснување зошто до сега немало транспарентност за вработувањата во “Водовод“.

- Колку пати, бидејќи бевте советник во претходниот мандат, сме го гласале планот за вработување? Ќе ве потсетам, ниту еднаш до Советот на Општина Кочани нема доставено план за вработување, ниту еднаш. Ова е првпат од страна на КЈП да биде доставен план за вработување. Претходно немаме доставувано план за вработување, дали ќе побарате одговорност од претходниот директор зошто не ни е доставувано план за вработување, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

- Ние успеавме, ако сеќавате, 30 луѓе коишто работеа, значи имаше оглас, за луѓе со средна стручна спрема, од 8 одделение до четврта година, вработивме. Луѓе во “Зеленило“ и друго, луѓе кои се потребни за тековни работи што треба да работат. Згриживме луѓе кои 11 години немаа решенија, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Ако денеска работат 208 вработени, а во 2009 година работеле 257, а се планира за 2018 да имаме 267 вработени, дали овој план ќе биде остварен за 2018, и дека на крајот на годината ќе имаме 267 вработени и ако може директорот, тука присутен, да ми одговори, колку ќе има вработени со договор на дело, рече Јордан Димитров, член на Советот на Општина Кочани.

Извесно разјаснување на состојбата дојде откако се појави дилемата за доцнењето во носењето на планот за вработување во годината што веќе е започната.

- Го прашувам директорот на КЈП зошто сега го носиме планот за вработување за 2018 година, зошто не е донесен претходната година, рече Гордана Антова, член на Советот на Општина Кочани.

- Овој план, кој го имате добиено, можете да видите дека датум на подготовка е 31. март 2017 година, значи овој план е од претходното раководство во комуналното јавно претпријатие, оваа бројка е од тогашната дата кога е изготвуван планот и овие вработувања, 56 нови, се од тогаш. Имаме направено интервенција во делот на преместување, интерни преместувања, каде бројката е 36 луѓе, во делот што го опфаќа проектот за пречиститената станица за отпадни води и во тој дел е направено преместување во институционалниот дел. Во техничкиот дел од пректот се уште не опфатено во овој план и тоа ќе го направиме со планот за 2019 година што ќе го поднесеме до март оваа година, рече Андреј Киров, в.д. директор на КЈП “Водовод“.

Киров одговри и на прашањето за бројото на вработени во претпријатието во моментот.

- Моментална бројка на вработени во “Водовод“ се 235 луѓе, и во моментот времени вработени се 39, преку Агенција за времено вработување. Ова е само план, не е нешто облигаторно, ова може да се оствари во целост, а може да не оствари и воопшто, да има нула отсто реализација, додаде Киров.

Киров рече дека не знае поради кои причини претходниот Совет не го усвоил планот за 2018 што бил донесен лани во март, иако имало обврска до Министерството за информатичко општество да се достават податоците. Исто така, дообјасни дека ако овој план не се достави во бараниот рок, не ќе може да се усвои ни планот за 2019 година.

На крајот од расправата, со мнозинство гласови планот за вработување за оваа година беше изгласан.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 13 kmh
Понеделник3°C/8°C
Вторник3°C/9°C
Среда4°C/9°C
Четврток4°C/10°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 107 гости и нема членови


web counter



qr code