Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

skolo polaki25.01.2018  Училишната зграда во селото Полаки повторно ќе заживее со активности и младешки џагор. Членовите на извидничкиот одред “Ластовица“ од Кочани го добија на користење овој објект што ќе им помогне во реализирањето на активностите, посебно при престојот во планина.

Советот на Општината на последната седница излезе в пресрет на нивното барање и им ја преотстапи зградата на 10-годишно користење, при што за тоа нема да наплаќа надоместок.

На седницата беше побарано со одлуката да не се прекинат други активности што се реализираат преку проекти неколку години наназад, а се од интерес за месното население.

- Со проектот “Рурален доктор“ знам дека во месноста имаше доктор, доаѓаше таму. Да не дојде до ситуација да не може да го користат тоа. Инаку, нема забелешка, во ред е да биде дадено, и за користење и за одржување, но да не се соочиме со луѓето од итна медицинска помош, затоа што таму имаме рурален доктор и медицинска сестра кои, мислам, дека еднаш неделно се должни да одат во такви места, рече  Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

Со одлуката што ја изгласа Советот, на користење на извидничкиот одред “Ластовица“ му се дава зградата на училиштето во Полаки со површина од 156 метри квадратни, како и двете помошни згради од 14, односно 12 метри квадратни. Со тоа ќе им се овозможи на извидниците да реализираат проекти, извиднички кампови, обуки за престој во природа и ориентација, како и да конкурираат за добивање помош од домашни и меѓународни финансиски институции.

Инаку, училишната зграда е во релативно добра состојба со оглед што е изградена во почетокот на 80-те години, а во меѓувреме инало и неколку интервенции за одржување и поправки. Поради тоа, може сосема да одговори на потребите на извидниците, кои планираат објектот да го користат како извиднички дом и своевидна база при организирањето на активностите во планина.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 130 гости и нема членови


web counter



qr code