Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gubre ponikva125.01.2018  Минатиот викенд на локалитетот Пониква повторно беше забележана грда слика со расфрлaно ѓубре на паркингот каде што се сместени контејнерите.

Оправдани се реакциите на посетителите кои дојдоа во голем број, не само од Кочани, туку и од соседните општини, дека треба редовно одржување на хигиената и соодветно отстранување на отпадот.

Сепак, во КЈП “Водовод“, кое ја презеде обврската за изнесувње на контејнерите, велат дека било регистрирано несовесно однесување на поединци коишто ја отстраниле вратата на боксот за контејнерите, што овозможило животни да го разнесат сметот и да создадат грда слика на sпортско-рекреативниот центар. Во меѓувреме биле преземени актоивности за поправка на металната ограда на контејнерите и таа наскоро ќе биде вратена во функција.

Општината упатува апел за совесно и коректно однесување на граѓаните кон урбаната опрема и кон секое јавно добро и најавува дека во иднина кон сторителите на вакви дела ќе бидат поднесени пријави и ќе биде постапувано согласно законските одредби.

- Презедовме и за тоа мерки, предупредивме, и инсиситраме во иднина тоа да се заклучува, за да не се случи некој пак да го остави, не знам кој, но ќе пробаме и тоа да го решиме, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Паралелно со зафатите за подобрување на хигиената на Пониква, службите од Општина Кочани упатиле барање до надлежните од „Македонијапат“ за навремено расчистување и проодност на патниот правец кон Пониква, како и потегот кон Аеродромот кој се користи како простор за паркирање.

Причина за тоа е што токму во викендите, кога има голем број посетители, со возила тешко се приоѓа до слободните места за паркирање, поради што се создаваат големи мешаници, подолги колони и нервоза кај гостите.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 215 гости и нема членови


web counter



qr code