X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

lag bregalnica25.01.2018  Општина Кочани ќе биде вклучена како соосновач на Локалната акциона група “Брегалница“ во која е предвидено да влезат и Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево, Македонска Каменица и Пробиштип.

Иницијативата за формирање на групата, чиј носител е граѓанското здружение “Јавор“ од Зрновци, веќе е прифатена од страна на Советот, а таа е во согласност со Повикот што го објави Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за пријавување и воведување на регистар на т.н. ЛАГ-ови за локален развој на руралните средини.

Локалната акциона група на шесте општини треба да реализира стратегии за локален развој на рурални средини преку мерки што се во согласност законските прописи, националните програми и програмите на ЕУ преку пристапот на ЛИДЕР.

Групата треба да биде основана како правно лице помеѓу јавните институции, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. Вообичаено територијата на нејзино дејствување е најмалку во две општини кои граничат, а групата тревба да има изготвено заедничка стратегија за локален развој на руралните средини, а што според правлникот ги опфаќа подрачјата до 30.000 жители. Со оглед што градот Кочани не може да биде опфатен, останува во групата да се вклучат другите населени места во општината.

Кочани е првата општина што ја прифати иницијативата, а се очекува до крајот на месецот и Советите на останатите општини да одржат седници и да дадат согласност за формирање на ЛАГ. Потоа се очекува да се одржи основачко собрание и да се изберат претставниците во телата што ќе ја сочинуваат групата. Крајниот датум за нејзино основање е 10 февруари.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

0°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: NW при 4 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 95 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click