Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

izvidnici mladi idei126.01.2018  Извидничкиот одред “Ластовица“ од Кочани беше домаќин на карванот што е дел од кампaњата “Младите даваат идеи“, а која се реализира во неколку градови во Македонија.

Преку дружење и забава што се одржа на платото во Трговскиот центар, присутните имаа можност нa поставениот банер да ги прикачуваат своите идеи, мислења и ставови по одредени прашања, особено за оние што се однесуваат токму на младите.

Настанот е дел од проектот “Младинско учество преку извидништво“, а освен вклучувањето на младите луѓе во општествените активности, една од целите е и промоција на извидничкото движење и на извидничките вештини. Поради тоа главна целна група се децата од основните училишта во Кочани, а носител на проектот е Сојузот на извидници на Македонија.

- Извидничките одреди се мотор, а младите се иницијатори и имплементатори ма акциите. Како претходни активности што се реализираа, како дел од овој проект, беше Младинска академија кадешто голем број млади од Кочани присуствуваа и со нивните знаења и ентузијазам денеска се тука, заедно со другите млади од Кочани да ги запишат нивните идеи, нивните барања што подоцна ќе прераснат во иницијативи како дел од community action активностите на Сојузот и на извидничкиот одред “Ластовица“, рече Владимир Костовски од Сојузот на извидници на Македонија.

Освен извидниците од Кочани, во кампњата се вклучени и нивните колеги од уште четири други градови во Македонија. Идеите и предлозите што ќе бидат собрани во рамки на ктивностите ќе бидат разгледани и оние што се најприфатливи и би можеле да се реализираат во практика ќе им бидат претставени на локалните власти.

Проектот „Младинско учество преку извидништво“ се реалзира со поддршка Американската агенција за меѓународна соработка – УСАИД, а со него се опфатени најактивните извиднички одреди во државата. Кочанските извидници за своето близу двегодишно постоење со право се вбројуваат во оваа група, со оглед што досега организираа поголем број обуки, кампови, беа домаќини на извиднички караван, а дополнително признание за тоа е што неодамна на користење ја добија училишната зграда во Полаки, со што во наредниот период ќе можат поуспешно да ги реализираат активностите во природа.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code