Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

koncert tose126.01.2018  Граѓаните на Кочани уште еднаш ја покажаа хуманоста на дело. Ја наполнија салата на шестиот по ред концерт „По патеките на Тоше“ што во организација на Тоше Илиев од Кочани се одржа во спортската сала.

Концертот е со една единствена цел, да му се помогне на Андреј Стојанов на кој му се потребни финансиски средства за да замине на лекување во Русија.  

Организаторот Тоше Илиев со концертот ја продолжува хуманата мисија на Тоше Проески кој што пак додека беше жив му помогна на ист начин со хуманитарен концерт во Кочани за негова операција.

Токму и затоа концертот се одржува секоја година на истиот датум 25 јануари на роденденот на Тоше Проески.

-Еве и оваа година ја продолживме хуманата мисија и по шести пат го организираме концертот „По патеките на Тоше“. Годинава преку концертот се обидовме барем малку да му помогнеме на нашиот сограѓанин Андреј Стојанов на кој му се потребни средства а лекување во Русија. Им благодарам на сите кои што беа вклучени во организацијата на концертот и секако на учесниците, рече Тоше Илиев, организатор на концертот.

Стојанов се заблагодари на сите кои придонесоа за организирање на концертот и за негова помош и поддршка.

-Им благодарам на сите што ја покажаа хуманоста и донираа за мене, се надевам дека ќе успеам во намерата и да отидам на лекување во Русија, рече Андреј Стојанов.

На концертот настапија локални кочански групи и пејачи - „Криптон“, Драгана Јорданова, Виктор Постолов, Оливер Стаменков, „Акустик меднес“ со Јоле, Сања Златкова, Дејвид Стојков, „Коко Бенд“ и Дарко Тоневски.

Ова е шеста година по ред на одржување на концертот. Претходните пет беа организирани исто така за наши сограѓани на кои им беше неопходна помош.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code