Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

VLADO andov29.01.2018  Владо Андов е избран за нов претседател на Општинскиот фудбалски сојуз од Кочани на годишното изборно собрание што се одржа во саботата. Сепак, впечаток е дека целата постапка помина во чудна и тензична атмосфера откако по неколкучасовни дискусии, што на моменти се одвиваа на висок тон и со натегања, за него гласаа 12 делегати.

Необично во сето тоа е што на годишното собрание имаше 29 делегати, но со подоцнежното пребројување е констатаирано оти тројца си заминале. И покрај тоа, пресметката покажува дека новоизбраниот претседател не го добил мнозинството од 50 отсто од присутнте плус 1 глас.

Поради тоа, се поставува прашањето дали изборот е легитимен, особено што неговиот противкандидат Љупчо Георгиевски ни не влезе во опција за гласање затоа што немал легитимна кандидатура, иако документите му биле прифатени без забелкешки.

Дополнително, дури му беше и овозоможено пред присутните делегати да даде образложение за својата кандидатура.

По изгласувањето на Андов за прв човек на ОФС - Кочани, за потпретседател беше избран Зоран Васевски. На забелешките што ги упатија присутните за легитимноста на целата постапка, претставникот од ФФМ го избегна директното соочување, туку рече дека ќе испрати писмен одговор.

Инаку, новата функција на Андов ќе му биде трета, со оглед што веќе неколку години е претседател на тТретата фудбалска лига - Исток, а истовремено е и координатор на женскиот фудбал во Македонија. На челната позиција на ОФС тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Љупчо Папазов, кој поднесе оставка.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 99 гости и нема членови


web counter



qr code