Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

turnir orizari201829.01.2017  Екипите на “Слога 1934“ од Виница, “Фудбал старс“ од Кочани и “Младост Тошев“ од Оризари се победници на турнирот во футсал, чијшто организатор беше фудбалската академија од Оризари, а што викендов се одржа во салата на ОУ “Крсте Петков Мисирков“.

Се работи за трет ваков натпревар на кој покрај домашната, учествуваа уште три екипи, а главната цел е популаризација на спортот меѓу најмладите. Воедно, турнирот се одржува и во знак на одбележување на празникот Св. Атанасиј, што традиционално се слави како заштитник на населбата.

Организаторот е задоволен од тоа како поминаа натпреварувањата, а потврда за ова е и интересот меѓу публиката која дојде да ги види најинтересните натпревари.

- Турнирот помина многу добро, оваа година имавме 4 екипи, од Каменица, Виница и Кочани, и ние домаќините. Беа поделени во три генерации, 2007, 2008 и 2010 генерација, околу 120 дечиња учествуваа. Значи, турнирот веќе станува традиционален, планираме од догодина да го прошириме со повеќе екипи, ќе гледаме и меѓународен да го направиме, рече Столе Тошев од ФК “Младост – Тошев“ – Оризари.

Во финалниот натпревар за пионери родени 2010 година играа “Фудбал старс“ и “Слога 1934“, при што кочанските најмлади фудбалери беа подобри и победија со 2:0 со што го освоија првото место.

- Јас се викам Филип Митев, играм две години фудбал.. во екипата “Фудбал старс“. На овој турнир победивме и освоивме прво место.

Кај генерацијата 2008 во финалето играа “Саса“ и “Слога 1934“ при што со виничани убедливо победија со резултат 4:1 и заслужено го освоија првото место. Во највозрасната категорија фудбалери родени 2007 година за првото место играа “Фудбал старс“ и “Младост Тошев“ и на крајот подобри беа домаќините, победувајќи со 2:1.

Признанието најдобар играч во генерацијата 2008 година му припадна на Давид Николов “, а кај генерација 2007 година на Стефан Момчилов и двајцата од “Младост Тошев“. Исто така, за најкорисен фудбалер на турниропт беше прогласен домашниот играч Андреј Стоименов.

- Јас се викам Андреј Стоименов и играм скоро една година фудбал. На овој натпревар добив една диплома и дадов пет гола.

- Јас се викам Стефан Момчилов, многу сум задоволен од екипата и добив диплома за најдобар играч и дадов три гола.

За најдобри голмани по генерации беа прогласени Филип Лазаров, Лео Горановски и Бране Стоименовски од “Слога“.

Турнирот во Оризари се одржа спо поддршка од Локалната самоуправа на Кочани, а успехот на најмладите фудбалери им го честиташе и градоначалникот Илијев.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code