Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bugarija gradonacalnici poseta29.01.2017  Во рамките на Програмата за зачувување на природата, прoект на Швајцарската агенција за развој и соработка, делегација составена од градоначалниците на Источниот плански регион, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Македонски шуми“, како и претставници на Центарот за развој на Источниот плански регион од 25 до 27 јануари, оствари средби со своите колеги од Бугарија.

Градоначалниците разговарале со претставници на локалните и владини институции кои управуваат со заштитените подрачја во регионот на планините Беласица и Рила со кои биле споредени и разгледани пристапите кон управување на подрачја со различен степен на заштита.

Искуствата од Бугарија наспроти локалните состојби во Источниот дел на Македонија ќе служат како појдовна точка за изнаоѓање на соодветни мерки за заштита на природата во Малешевијата, Осогово и Плачковица, региони кои изобилуваат со биолошка разновидност и природни вредности,а засега немаат формална заштита во Македонија.

За време на посетата делегацијата имала можност и на терен да се запознае со различните активности кои ги спроведува локалното население и да разговара директно со оние кои имаат најголема придобивка од постоењето на заштитените подрачја. Оваа посета ја потврди и можноста за блиска прекугранична соработка на соодветните институции од Македонија и Бугарија.

Една од клучните цели на Програмата за зачувување на природата е подобрување на состојбата со природните вредности во сливот на реката Брегалница и промоција на нивно одржливо користење иуправување преку воспоставување заштитени подрачја и други активности. Координатор на Програмата е Фармахем – Скопје, главен партнер е Министерството за животна средина и просторно планирање, стратешки партнер е Центарот за развој на Источниот плански регион.

Спроведувач на активностите поврзани со оваа компонента од Програмата е Македонското еколошко друштво.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 98 гости и нема членови


web counter



qr code