Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica spvet vinica129.01.2018  Високите суми на долговите на Општина Виница, што новата локална власт ги наследила во текот на минатата година, се уште не се покриени.

Вкупните обрски изнесуваат над 700 илјади евра, така што со приходите што се остваруваат на годишно ниво многу бавно ќе оди намалувањето на задолженоста.

На редовната 5. седница на Советот на Општината, на која меѓу другото се разгледуваше извештајот за достасани неподмирени обврски заклучно со 31 декември, беше нагласено дека најголем дел од долговите се на Локалната самоуправа, а десетина отсто на буџетските корисници што се под нејзина надлежност.

- Вкупните обврски на општина Виница, заедно со обврските на буџетските корисници изнесуваат 43 милиони и 337 илјади денари од кои 5 милиони 135 илјади денари се обврски на единките корисници, во најголем дел за превоз на ученици и за комунални услуги. Додека 38 милиони и 202 илјади денари се однесуваат на обврски на Општината кон добавувачите. Покрај овие обврски Општината имна и обврски за неисплатени надоместоци на советниците близу 813 илјади денари и обврска за добиената позајмица од 2011 година од републичкиот буџет, во износ од 6 милиони денари, рече Јулија Манасиева, раководител на Одделението за финансии на Општина Виница.

Без ниту една дискусија советниците од двете советнички групи го изгласаа извештајот, при што не се побара мислење како настанале високите долгови и како се планира тие да се отплаќаат.

Дополнително на седницата се разгледуваше и извештајот за промените на состојбата на секое задолжување, при што иако на крајот на годината немало обврска за враќање главнина или камата од кредити, тоа не значи дека во текот на 2018 година Општината ќе биде ослободена од таквиот финансиски товар. Од финансиксата служба потврдија дека од кредитот од Светска банка од 8.708.000 денари, преостанува да се вратат близу 7 милиони.

Покрај финансиските и други прашања кои доминираа на седницата, советниците ја прифатија оставката на нивниот колега Митко Илиевски од советничката група што ја предводи СДСМ, а на негово место мандатот му беше верифиуван на Горан Ѓоргиев.

T. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code