Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

donacija bolnica30.01.2018  Шведската хуманитарна организација „Hands to hands“ ќе и помогмне на Општата блница во Кочани да се модернизира, за што ќе обезбеди донација во опрема, апарати и медицински помагала.

Ова го соопштија претставниците на органзиацијата, Марија и Томас Росенгрен, на средбата во Општина Кочани со градоначалникот Николчо Илијев, а на која присуствуваше и д-р Борка Панова, директорка на Општа болница – Кочани.

Притоа се разговарало за можностите за реализација на донацијата на опремата што најмногу и недостасува на нашата здравствена установа.

Според градоначалникот Илијев, оваа донација е дел од напорите за подобрување на условите во кочанското здравство, на кое му требаат и апарати и опрема, а Општината е подогтвена да помогне во административниот дел и во организацијата за покривање на трошоците што се создаваат при примање донации.

На средбата било искажано задоволство што е воспоставен контакт со невладина организација која досега има богато искуство во донирањето во Македонија. Поради тоа се очекува овие почетни чекори да дадат успех, за што граѓаните на Кочани ќе бидат благодарни и ќе го ценат гестот.

Се најавува дека во наредниот период ќе се договараат деталите за реализација на оваа донација што ќе биде според потребите на кочанската Општа болница.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 220 гости и нема членови


web counter



qr code