Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ambasador ungarija poseta130.01.2018  Република Унгарија е заинтересирана за продолжување на контактите и унапредување на соработката со локалните заедници во Македoнија, посебно со оние општини со кои веќе има воспоставено поцврсти релации. Меѓу нив е Општина Кочани, со која имаме одлично искуство и очекуваме позитивни ефекти.

Ова меѓу другото го истакна унгарсккиот амбасадор Ласло Дукс, кој беше во работна посета на нашата Локална самоуправа.

На средбата со градоначалникот Илијев се разговарало за проширување на меѓусебните врски, кои досега најмногу беа во областа на културата и подршката на ромската заедница кај нас, а тенденција е да се воспостават и стопански контакти меѓу бизнис секторот од двете земји.

- Не ми е првпат да сум во Кочани, бидејќи таа е многу битна општина за Унгарија, имаме една извонредна соработка меѓу Кочани и градот Сигетсентмиклош во Унгарија. Минатата година спроведовме една стипендија за Ромите со поддршка од Владата на Унгарија. Би сакал да искажам големма благодарност до вашиот градоначалник за оваа средба, а се договоривме оваа одлична соработка да продолжи и во иднина. Имавме можност да поразговаравме за можностите за економска соработка со општината и со регионот, а градоначалникот ни ги претстави можностите и предизвиците на регионот од економски аспект и се согласивме дека ќе направиме силни напори да ги анимираме унгарските компании и бизнисмените да ги согледаат можностите за инвестирање во регионот и во општина Кочани и секако да ги споиме стопанствениците и да ја зголемиме стоковната размена, рече Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Унгарија.

Градоначалникот Илијев рече оти очекува средбата со амбасадорот амбасадорот Дукс да даде конкретни резултати, однсоно да се воспостават подобри врски на стопански план.

- Добивме навистина интересни сугестии и предлози како да ги искористиме предностите што ги нуди Република Унгарија, бидејќи таа е членка на европското семејство и овде ја гледам нашата голема шанса да ги искористиме нивните искуства и знаење, и заедно преку тие искуства да правиме проекти што ќе бидат прифатливи и ќе се реализираат во нашиот регион. Разговаравме и за можната економска, односно стопанска соработка, за што постојат потенцијали на двете страни. Се договоривме и двете страни да размислат и во разговор со локалните чинители на економијата да се направат истражувања во кој дел имаат интерес и во наредниот период да се направат средби во Кочани, како и посети на одредени региони во Унгарија, со цел и тој дел на соработката да го подигнеме на повисоко ниво и да ги искористиме сите потенцијали што стојат на рапсолагање на двете страни, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Општина Кочани е првата македонска општина која реализирала посилни контакти со некоја унгарска локална заедница откако на крајот на 90-те беа воспоставени првите врски на културен план, а во 2004 година дојде и до збратимување со градот Сигетсентмиклош.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 158 гости и нема членови


web counter



qr code