Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

marina cvetkovi30.01.2018  Веќе две години трае неизвесноста на Ленче и Никола Цветкови од Кочани кои се уште очекуваат информации каде се наоѓа нивната ќерка, која беше пријавена за исчезната.

Кон крајот од декември 2015=та тие за последен пат ја виделе тогаш 33-годишната Марина, а на три дена пред Новата 2016 година изгубиле секаков контакт со неа.

Исчезнувањето во Полициска станица во Штип, каде што била мажена, го пројавил нејзиниот сопруг, откако извесен период не се вратила дома.

Очекувањето дека ќе дојдат до официјална потврда каде се наоѓа ќерката не им дава мир, а времето поминува без сознание дали повторно ќе ја видат. Се надеваат дека Марина е жива, поради што бараат надлежните органи да ја интензивираат потрагата.

- И после 700 и кусур дена немаме никакви резултати, ниту информации, само се кажува дека се работи на случајот, а резултати нема никакви. На мене ми се јави и рече дека за Нова Година ќе дојде на гости, меѓутоа тоа не се случи, рече Цветкова Лена, мајка на исчезнатата жена.

Малолетната ќерка на Марина живее со таткото во Штип, а двапати месечно се гледа и со своите баба и дедо во Кочани. Цветкови не губат надеж оти еден ден семејството ќе го видат заедно.

- Јас сум цврсто убедена дека таа е жива, некој стои позади тоа, само не знам кој. Таа е жива, го чувствувам тоа тука, иако срцето ми е празно. Може некој некаде ќе види, каква било информација да добиеме, оти две години живеам во агонија, додава Цветкова.

Како што одминува времето и се потешко ја издржува неизвесноста, кај Цветкова секој телефонски повик што ќе го добие буди надеж дека ќе слушне добра вест за својата ќерка. Затоа бара секаква информација, од кого било, за да може конечно да го прекине исчекувањето и да најде душевен мир.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

28°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 54%
Ветер: WSW при 13 kmh
Четврток16°C/28°C
Петок13°C/29°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 126 гости и нема членови


web counter



qr code