Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sportist 201831.01.2018  Титулата најдобар спортист на Кочани за 2017-та му припадна на каратистот Љубомир Давитков, член на КК “Кочани“. Тој доби најмногу гласови на изборот што го организираа Општина Кочани, Сојузот на спортови и спортските новинари, во конкуренција од дваесетина пријавени спортисти.

Признанието му припадна како резултат на одличните настапи и десетината златни и сребрени медали од меѓународните и домашни натпреварувања.

Самиот вели дека очекувал да се најде меѓу најдобрите со оглед на вложениот труд и постигнатите резултати.

- Пред се упорната работа, не се откажував, имав многу подеми и падови, но сепак на крајот завршив како успешен. Не беше ни малку лесно, како што кажав имаше многу падови, тешко е, многу пати помислував да се откажам, но тоа не се случи и на крајот – успех. Јас мислам дека ова не е врвот, не застанувам овде, и во 2018-та со малку повеќе среќа мислам дека ќе имам многу подобри резултати. Првото поголемо натпреварување во оваа година пред се е Државното првенство, а ако се квалификувам, Балканско, Европско и така натаму. Мојот тренер Игор Каров беше со мене и кога победував и кога губев, со мене на тренинзи, секаде, сакам искрено да му се заблагодарам, затоа што и тој е дел од мојот успех, рече Љубомир Давитков, најдобар спортист за 2017 година.

Веднаш зад Давитков се најде 16-годишната Даниела Колева, членка на ТК “Акватен“, која лани меѓу другите успеси беше и победник на два ITF турнири за тенисерки до 18 години, а стана и државен првак во женска категорија за тенисери од средните училишта во Македонија.

Понатаму на листата за спортист според добиените поени следуваат Стојан Николов од велосипедскиот клуб “Поскок“, Кристијан Грозданов од КК “Партизан“, неговта клупска колешка Мартина Шахинова, како и каратистот Ѓорѓи Петров од истиот клуб, потоа Јана Николова од КГС “Кочани“,  Роберто Здравковски од КК “Партизан“, атлетичарот Душан Павлов и фудбалерот Грегори Давков, член на ФК “Фудбал старс“ и младински репрезентативец до 15-годишна возраст.

При изборот на најдобрите во категоријата млад надежен спортист за 2017, од пријавените 17 во конкуренција влегоа десетмина од различни спортски дисциплини.

Карате клубот “Партизан“ втора година по ред го доби признанието за најдобра екипа, а образложението за тоа се големиот број медали и признанија што неговите членови лани ги имаат освоено на домашните и меѓународните натпреварувања. За најдобар меѓу тренерите е избран токму нивниот тренер Јорданчо Петров.

Признанието спортски рабтоник на годината му припадна на Драгослав Здравков за неговиот придонес во спортот и поддршката за влегувањето на ФК “Осогово“ во Втората македонска лига.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: NW при 2 kmh
Недела1°C/8°C
Понеделник1°C/8°C
Вторник5°C/11°C
Среда3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 180 гости и нема членови


web counter



qr code