Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dogovor dve ulici31.01.2018  Во текот на оваа година Општина Кочани обезбеди средства за да ги доизгради и асфалтира улиците “Карпошово востание“ во населбата Усова Чешма и “АСНОМ“ Во Оризари.

Во Локалната самоуправа претпладнето беше потпишан договор со фирмата “Изгрев инженеринг“ ДООЕЛ“ - Велес која ќе буиде изведувач на градежните работи.

Средствата за реализација на инвестивцијата беа добиени претходно како кредит од Договорот за заем склучен помеѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија, од кој во средината на 2015 година Општината склучи договор со Министерството за финансии за „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а за што позајми околу 1 милион евра.

Со новиот договор треба да се изведат градежни работи на двете споменати улици со вкупна должина од 496,47 метри, при што ќе се градат три крака на улицата „Карпошово востание“ и еден крак на улицата „АСНОМ“ во Оризари.

Изведувачот на работите, со кого беше потпишан договорот, е фирма избрана по спроведената тендерска процедура согласно правилата на Светска банка. Градоначалнико Илијев порача дека очекува изведувачот квалитетно ќе ја заврши задачата, за што беше дадена потврден одговор.

Вредноста на Договорот е 5.466.638,86 денари сo вклучен ДДВ, од кои средствата во висина од 4.300.000 денарисе заштеда од реализација на потпроектот „Изградба на 10 улици во општина Кочани“, а остатокот од 1.166.000 денари се општинско кофинансирање и ќе се обезбедат од Буџетот на Локалната самоуправа на Кочани за 2018 година.

Се планира изградбата на двете улици да се реализира во рок од два месеца, сметано од денот на потпишување на договорот. За проектен менаџер при реализација на изведбата е назначен Влатко Димитров, помошник-раководител на Секторот за уредување и располагање со градежно земјиште во Општина Кочани.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

32°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 29%
Ветер: WSW при 7 kmh
Среда17°C/33°C
Четврток17°C/32°C
Петок16°C/31°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 302 гости и нема членови


web counter



qr code