Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vodovod-cevka31.01.2018  До крајот на оваа година во Виница ќе се реализира втората фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа. Тоа треба да обезбеди подобро и поквалитетноснабдување со вода за пиење на граѓаните, а истовремено ќе се намалат проблемите со пукање на старите азбестни цевки.

Министерството за транспорт и врски ја избрало скопската фирма „Коп-инженеринг“ за да го доизгради и реконструира водоводот во Виница. Станува збор за втората фаза од обновата на водоводната мрежа што ќе се реализира во наредните осум месеци.

Од државниот буџет за оваа намена се обезбедени 6.486.253 денари, се наведува во објавениот договор на веб – страницата на Бирото за јавни набавки.

На тендерот учествувале 11 компании, а основен критериум за избор на изведувачот била доставената најниска цена. Тендерската постапка за реализација на овој проект беше објавена на почетокот од октомври 2017 година. 

Со втората фаза од изградбата и реконструкцијата на водоводот во Виница е планирано да се заменат постојните азбестни цевки со нови полиетиленски. Со неговата реализација во целост ќе се реши проблемот со дотраеноста на водоводната мрежа.

Со првата етапа од овој проект пред речиси пет години беа променети водоводни цевки со должина од 4.367 метри долж неколку улици во Виница.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 220 гости и нема членови


web counter



qr code