Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pazar most01.02.2018  Локалната самоуправа на Кочани не бега од својот дел на одговорноста околу одржувањето на хигиената на јавните простори, посебно за локациите за кои има и законска обврска. Токму просторот на Градскиот пазар е едно од местата за чие одржување со години има реакции од граѓаните, поради што време е конечно да се преземат актовности на терен.

Ова меѓу другото беше речено при денешната обиколка на крајот од пазарниот ден, што ја направи градоначалникот Илијев, во придружба на општинскиот комунален инспектор и директорот на КЈП “Водовод“.

Повод за посетата е токму информацијата на Канал 8 во која граѓаните реагираа за запуштеноста на деловните објекти на мостот кај пазарот.

- Се работи за приватен објект. За жал, сопственикот веќе го изгубил правото на сопственост и не можевме да утврдиме точно за чија спопственост се работи иништо другои не ни преостанува, како и минатиот пат што направиме акција за чистење на хотелот “Центар“ и оваа површина да ја исчистиме, се со цел на граѓаните да им покажеме дека нашата задача ќе си ја исполниме онака како што треба. Дека сме идеални – не, но навистина бараме одговорност и од сопствениците, а исто така и ги замолуваме и граѓаните да внимаваат каде, како и што оставаат, со цел нашиот град да биде пристојно место за живеење и да нема вакви грди слики, какви што гледаме денеска, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Иако “Водовод“ нема законска обврска да чисти и одржува приватни објекти, беше речено дека претрпијатието на свој трошок ќе се ангажира за подобрување на состојбата токму на објектите на мостот кај пазарот.

-Ова конкретно не наша лична обврска, меѓутоа се со цел да ја подобриме хигиената ние ќе се потрудиме ди овој проблем да го надминеме, како што претходниот пат го чистевме стариуто хотел “Турист“ или “Центар“ и овојпат ќе направиме наш исчекор и овој објект ќе го чистиме комплетно, рече Андреј Киров, в.д. директор на КЈП “Водовод“.

Купиштата отпадоци и нехигиената што останува по завршувањето на пазарот во централното градско подрачје е причина во Општината да се размислува и за поинакви решенија.

- Се поставува едно големо прашање дали навистина местото на пазарот е овде и мислам дека оваа теме е повеќе од зрела да размислуваме и да бараме решение за дислокација, односно за друго решение каде што граѓаните ќе можат да ги остварат сите свои права, но централното градско подрачје, како за хигиената, така и за другиот дел каде што сообраќајот и целокупното движење во овој дел на градот во денови на пазаар навистина е оневозможено и граѓаните се обесправени во овој дел, не можат да си ги извршуваат своите секојдневни задачи, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Градоначалникот Илијев рече дека ќе мора брзо да се бара решение за дислокација на пазарот, за да се промени сегашната состојба во централното подрачје на Кочани.

Уште пред десетина години како варијанти се спомнуваа локацијата каде што се одржува панаѓурот или пак во блзина на градскиот базен, но за тоа би требало да се направат стручни елаборати и да се организираат трибини со граѓаните.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 13 kmh
Понеделник3°C/8°C
Вторник3°C/9°C
Среда4°C/9°C
Четврток4°C/10°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 105 гости и нема членови


web counter



qr code