Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogov novi irgaci01.02.2018  Драган Паунов, Павле Петров и Божидар Ангеловски се тројцата нови фудбалери кои потпишаа договори за настап во ФК “Осогово“.

Со тоа полека се заокружува обновувањето и зајакнувањето на играчкиот кадар, што го најави новиот Управен одбор по преземањето на тимот.

Од почетокот на преодниот период до сега вкупно девет играчи од други клубови му пристапија на кочанскиот второлигаш, поради што од стручниот штаб очекуваат во продолжението од првенството да се обезбеди опстанокот во лигата.

Инаку, 27-годишниот Паунов е повратник во “Осогово“, а доаѓа од редовите на “Каменица Саса“ и е фудбалер од офанзивниот ред. 22-годишниот Петров пак, во првиот дел од сезоната настапуваше во “Вардар“ од Неготино, каде играше на крилните позиции од теренот. Со своите 19 години, Ангеловски е најмладото засилување на кочанскиот тим, со што се зацврстува напаѓачката линија. Тој потекнува од школата на скопски “Работнички“.

Претходно на жолто-сините им се придружија Петар Јаневски од штипска “Брегалница“ и Владимир Жоглев и Христијан Митревски од “Победа“ од Валандово, Никола Стоиловски од “Академија Пандев“, Никола Костадинов од “Победа“ Валандово и Слаѓан Митевски од кратовски “Силекс“.

Во меѓувреме екипата ги продолжува подготовките на стадоионот во Кочани, при што од овој викенд тренинзите ќе се интензивираат, односно ќе се тренира по двапати дневно. Исто така, останува исполнувањето на планот за одигрување на закажаните пријателски натпревари со екипи од Македонија и Србија.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 219 гости и нема членови


web counter



qr code