01.02.2018 Општините Кочани, Виница, Пробиштип, Македонска Каменица, Зрновци и Чешиново-Облешево станаа дел од Локалната акциона група “Брегалница“ која ќе работи на развој на руралните средини во подрачјето што ќе го покрива.
На основачкото собрание што попладнето се одржа во Локалната самоуправа на Зрновци беше речено дека иако групата е една од најбројните во Македонија, сепак ќе работи на рамномерно распределување на придобивките од стратегиите за развој, што е во согласностсо законските прописи, националните програми и програмите на ЕУ преку пристапот на ЛИДЕР.
- Руралниот развој е преку искористување на природните богатства со одржлив развој, земјоделството, екологијата и туризмот. Замислата е дека ЛАГ-от ќе има подобар пристап затоа што во европските фондови се работи на окрупнување, со искуствата на поголем број држави употребени се програмите на ЛИДЕР, имплементоирани се поголем дел на проекти, така што приоритетно би било опфаќањето на поголема територија и застапеност, како еден придонес плус за поголем пристап до средствата од Европските фондови, рече Жаклина Паунова Ангелковиќ , претседател на Локалната акциона група “Брегалница.
ЛАГ “Брегалница“ќе биде правно лице помеѓу јавните институции, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата во шесте општини, а во најскоро време ќе се изготви заедничка стратегија за локален развој на руралните средини. Според правилникот ваквите групи можат да опфаќаат подрачја до 30.000 жители, па градот Кочани ќе биде исклучен, но ќе останат другите населени места во општината.
Основањето на ЛАГ “Брегалница“ е согласно повикот што го објави Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за пријавување и воведување на регистар на т.н. ЛАГ-ови за локален развој на руралните средини.
Т. Ајтовски