X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradinka 1202.02.2018  Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани ќе отвори уште три нови воспитни групи. Со тоа ќе се зголеми капацитетот и ќе одговори на барањата на родителите кои со години чекаа прифаќање на децата.

Советот на Општината даде согласност да се оформат две воспитни групи во објектот „Ѕвездички“ во населбата Усова Чешма и една во објектот „Цветови“ кај Градскиот пазар.

Во новите групи ќе бидат згрижени педесетина деца од листата на чекање, на која веќе се запишани 147 деца.

Од Градинкaта велат дека согласно Законот за заштита на децата, за да се одговори на потребите за згрижување на деца во градинка, може да се прилагодат и други просторни услови, особено за децата од предучилишна возраст. Притоа, веќе било поднесено барање до Министерството за труд и социјална политика за да одобри вработување нов кадар: воспитувачки, негувателки и технички персонал.

Во четирите објекти во Кочани и еден во Оризари, кочанската градинка во моментот згрижува 720 деца на возраст до 6 години, а во нив има 86 вработени, од кои 55 се во воспитно-згрижувачката дејност, а останатите се администартивно-технички персонал.

Општина Кочани веќе изготви проект за нова детска градинка во населбата Драчевик, чија изградба ќе ги реши актуелните потреби за згрижување на децата од предучилишна возраст, не само од Кочани, туку и од соседните општини.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click