X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

laptop05.02.2018  Основните училишта и Полициската станица во Кочани добија дел од лаптоп компјутерите што во Општината беа вишок, откако членовите на Советот од претходниот состав ги вратија по завршувањето на мандатот.

Со тоа исполнета е одлуката што беше донесена на една од седниците со којa советниците дадоа согласност за бесплатно преотстапување на уредите.

Според писменото известување од Локалната самоуправа, по еден лаптоп добија основните училишта „Свети Кирил и Методиј“, „Никола Карев“, „Раде Кратовче“, „Малина Попиванова“ и „Крсте Мисирков“, а два Полициската станица од општа надлежност – Кочани, откако претходно Општината добила службено барање од оваа институција.

Сите преносни компјутери што се преотстапени се од ист модел, произведени 2013 година.

По преземањето на функцијата, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, се соочи со нерационални набавки извршени на крајот на претходниот мандат. Една од нив беше набавката на 24 компјутери, за кои Општината сè уште ги сервисира обврските кон набавувачот.

На крајот на мината година Илијев најави дека најверојатно дел од компјутерите ќе добијат локалните институции во општината.

- Да им ги доделиме на училиштата, на Полициската станица кои се жалат дека немаат компјутери, на исниституиците на кои им се потребни да ги поделиме, бидејќи тоа е технологија и техника која многу брзо застарува и веројатно и батериите, ако не се користат, ќе пропаднат и тогаш ќе треба да ги фрлиме, рече во декември 2017 година, Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Покрај преносните компјутерио што ги вратија претходните членови на Советот, за набавката на новите 24 лаптопи и другата компјутерска техника непосредно пред локалните избори во октомври, општинската адмнинстрација на претходниот градоначалник избрала понуда вредна над 20 илјади евра. Иако немало голема потреба од толку високи трошоци, опремата беше испорачана, а обврската за плаќање ја наследи новиот градоначалник.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

0°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 75%
Ветер: NW при 4 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-2°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click