Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogoovo kozuf05.02.2018  Обновениот и подммладен состав на ГФК “Осогово“ викендов го одигра првиот од неколкуте закажани пријателски контролни натпревари пред почетокот на пролетниот дел од првенството во Втората лига - исток.

На стадионот “Никола Мантов“ гостуваше тимот на “Кожуф“ од Гевгелија кој беше надигран од домаќините и на крајот кочанскиот второлигаш заслужено славеше победа од 1:0.

Стрелец на единствениот гол во 39 минуа беше Владимир Жоглеве, еден од фудбалерите кој во преодниот период дојде во таборот на „жолто-сините“.

“Осогово“ можеше многу лесно да дојде во водство и многу порано, но контранападот во формација “три на еден“ не беше искористем, откако противничкиот голман Ников го одбрани ударот нс домашниоот играч Слаѓан Митевски.

Тренерот Крсте Крстев во 60. минута од мечот се реши да го промени комплетниот тим, па на терен влегоа нови 11 фудбалери. Иако темпото на игра падна, сепак нашата екипа многу лесно можеше да дојде до 2:0. Најпрвин Чичевски од слободен удар ја погоди пречката од голот, а неколку минути подоцна Ангеловски убаво биеше од дваесетина метри, но неговиот удар заврши неколку сантиметри покрај стативата.

Иако е прв контролен натпревар, сепак радува фактот што во екипата владее работна атмосфера, а доказ за тоа е и резултатот, ако се земе предвид дека “Кожуф“ го дели третото место на табелата, има 25 бода, односно 17 повеќе од нашиот клуб

Следниот пријателски контролен меч за ФК “Осогово“ е веќе в среда, кога екипата ќе госува во Прилеп на натрпевар против прволигашот “Победа“.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 83%
Ветер: Variable при 4 kmh
Среда17°C/28°C
Четврток16°C/26°C
Петок16°C/29°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 148 гости и нема членови


web counter



qr code