Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

World-Cancer-Day05.02.2018  Секојдневно расте бројката на лица со дијагностициран карцином. Статистиките покажуваат дека се намалува и старосната граница, се почесто млади лица имаат карцином.

Карциномот подеднакво се појавува и кај мажите и кај жените. Кај понежниот пол најчесто се јавува карцином на дојка, додека кај мажите најчест е карциномот на простата.

Во 2017-та од пријавени вкупно 1.205 лица заболени од малигни неоплазми, новооткриени се дури 226, велат од Центарот за јавно здравје Кочани.

- Според доставени пријави за малигни заболувања пристигнати во Центарот за јавно здравје Кочани кој што ги покрива општините Кочани, Виница, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и Делчево, за 2017 година имаме пријавени 1.205 заболени од кои новооткриени се 226 заболени или 18,8%. Доколку се погледне процентуално кај мажите и кај жените, кај жените најзастапен е карциномот на дојка, со тоа што имаме пријавени вкупно 326, а новооткриени со карцином на дојка во 2017 се 53 или 16,2% од вкупниот број на заболени. Кај мажите најзастапен е карциномот на простатата и тоа вкупно имаме пријавено 125 заболени, во 2017 новооткриени 28 или 22,4%. Бројот на новооткриени заболени од карцином расте. Споредбено со 2016 година вкупне број имало пријавени 982 од кои новооткриени биле 185 лица што значи дека во 2017 година овој број се зголемил на 223 лица на вкупниот број, а бројот на новооткриени се зголемил за 42 лице, односно бројот на новооткриени е зголемен за 18,2 проценти, рече Магдалена Манасиева, директор на Центарот за јавно здравје Кочани.

Лекарите велат дека најчести ризик фактори за заболување на карцином на дојка се наследниот фактор, генските промени, личната историја на пациентката, зрачењето во млада возраст, а во превенцијата од болеста ги насочуваат здравиот начин на живот и исхрана, самопрегледот на дојките и најважно редовните контролни прегледи кај специјалист.

Годинава, 5 февруари - Светскиот ден за борба против карциномот се одбележува со кампања насочена кон подобра информираност како и едукација за зголемена свесност за превенција од малигните заболувања. Праксата укажува дека добар дел од заболените своите први прегледи ги прават во поодмината фаза.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: North при 11 kmh
Понеделник3°C/8°C
Вторник3°C/9°C
Среда4°C/9°C
Четврток4°C/10°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 94 гости и нема членови


web counter



qr code