Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

brana recani06.02.2018  Министерството за земјоделство ги проверува правните акти според кои досега се реализирани активностите околу проектот за изградба на браната Речани.

Анализата на документацијата треба да покаже колку било планирано, а колку од тоа е исполнето на терен. Ова не значи дека проектот ќе биде запрен, туку од ресорното министерство сакаат да добијат целосна слика на она што досега е довршено, за да може да се планираат натамошните чекори во обемната инвестиција.

Според министерот Љупчо Николовски, проектот е во напредна фаза и е влезен во плановите за реализација за оваа година, иако биле констатирани одредени пропусти во подготовката на документацијата.

- Министерството и Управата за водостопанство ги интензивираа сите чекори и подготвки кои што се однесуваат на добивање на градежни дозволи за овие капитални објекти каде што како инвеститор се наоѓа Министерството. Биле запоставени многу од овие процедури кои се и во матичното министерство, но и во Министерството за транспорт и врски, коишто не биле направени до сега, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Министерот Николовски не даде детали за пропустите во процедурата за браната Речани, но тоа не значи запирање на реализацијата на проектот. Истовремено, тој најави дека освен за оваа капитална инвестиција, Министерството внимание ќе посвети и на другите слични објекти во регионот.

- Ние предвидуваме и низа други проекти на поврзување на системи, рехабилитација на постоечките, обнова на старите. Во целосна комуникација сум со сите градоначалкници од регионот, ја разбирам потребата за сите овие проекти и верувајте дека ќе ја имаат мојата поддршка, додаде Николовски.

Министерството за земјоделство планира да вложи околу 10 милиони евра за реконструкција на системите за водоснабдување на земјоделските површини во целата држава. Дел од овие средства се наменети и за ваквите системи во источниот регион.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: North при 11 kmh
Понеделник3°C/8°C
Вторник3°C/9°C
Среда4°C/9°C
Четврток4°C/10°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code