Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bunar spancevo06.02.2018  Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево го започна проектот за подобрување на водоснабдувањето на селото Спанчево. Се работи за инвестиција на која се чека подолг период, а чија реализација се најавуваше кон крајот на минатата година.

Станува збор за изградба на нов бунар, до кој ќе се изгради и цевковод за да се направи негово поврзување со резервоарот за вода во селото.

Со изградбата на новиот бунар ќе се обезбедат дополнителни количини вода, особено во летниот период кога капацитетот на постоечкиот осетно се намалува. Од Општината велат дека се работи за долгогодишниот проблем, со чие решавање жителите на Спанчево конечно ќе добијат квалитетно водоснабдување.

Бунарот е предвиден да се изведе со длабочина од 65м , и со проектот е предвидено да се обезбеди од 2 литри вода во секунда. Зафатените количини на вода ќе се пумпаат до резервоарскиот простор од каде ќе се дистрибуира вода по веќе постоечката водоводна мрежа.

Почетните градежни активности на терен веќе се започнати, а вкупната инвестиција ќе чини над 2 милиони денари. Овие пари Општина Чешиново-Облешево ги обезбеди преку Јавниот повик за користење на ЕУ ИПА грант што го објави Министерството за финансии.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 13 kmh
Понеделник3°C/8°C
Вторник3°C/9°C
Среда4°C/9°C
Четврток4°C/10°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code