Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

basket dino m1406.02.2018  Нов успех забележа екипата на “Баскет Дино“ во продоложението на првенството во Третата кошаркарска лига на Македонија. На гостувањето во Скопје, каде во рамки на 10. коло се сретнаа со третолигашот “Феникс 2010“, нашите кошаркари беа подобри и забележаа минимална, но значајна победа, совладувајќи ги домаќините со 74:73.

Иако во текот на целата средба се водела изедначена борба и имало резултатски пресврти, сепак на крајот скопјани морале да се предадат и да им ги препуштат бодовите на гостите од Кочани. “Баскет Дино“ до победата дошол практично во последните секунди од мечот, кога Тодосиев со погодокот за три поени го поништил водството на “Феникс“ и им донел радост на своите соиграчи.

Со освоените нови бодови нашиот тим во моментот го дели четвртото место со “Борец Баскет“ од Велес, екипа која има подобра кош разлика.

Во следното, 11. коло кочанската третолигашка екипа повторно ќе гостува во Скопје на средба со тимот на “Спарта“ кој досега немаше ниту една победа и се наоѓа на последното место на табелата.

Освен во третолигашка конкуренција, се одиграа и првите натпревари од вториот дел на првенствата на младинските лиги. Во М14 лигата кошаркарите на “Баскет Дино“ беа поразени на гостувањето во Скопје каде за противници ги имаа своите врсници од “Феникс“. Скопјани беа далеку понадмоќни од нашата екипа, која имаше целосно променет состав на играчите со кои настапи, што е една од причините за поразот од 68:42. Според распоредот на натпреварите, во следното коло младите кошаркари ќе бидат слободни.

Во М12 лигата пак, “Баскет Дино“ како домаќин на натпреварот против “Водњански лисици“ од Скопје постигна победа од 47:44 и останува во борбата за горниот дел на табелата. Во следното коло и тие ќе гостуваат во Скопје против екипата на “Вардар 2“.

T. Ajтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: West при 7 kmh
Четврток3°C/21°C
Петок8°C/24°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code