Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nikolco ilijev08.02.2018  Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, во изминатите сто дена од преземањето на функцијата ги оценува како период во кој имало многу со предизвици, но истовремено и големо залагање за подобрување на затекнатите состојби во Општината и во локалната средина.

Притоа, тој останува на определбите за за одговорно и законито работење, за почитување на принципот на транспарентност. Доказ за тоа било што прашањата за кои досега се одлучувало во четири очи, сега се дебатираат и решаваат во Советот, а останала и определбата за вклучување на јавноста во решавање на прашања од интерес на заедницата.

Илијев посочува дека во првите сто дена започнале да се решаваат проблемите со сообраќајот, за што како долгорочно решение се проектира катна гаража во Градската четврт 6. Во тек е отстранувањето на жариштата на нехигиена и на подобрување на јавната чистота, но и на креирање проекти за настап по повици од програмите на Европската Унија.

Во делот на развојот на туризмот, Илијев посебно го потенцираше капацитетот на Пониква, но и на Царев Врв како главен планински центар во иднина.

- Еден од главните проекти кој пред сите нас градоначалници од Истокот стои, а веројатно таму лежи и иднината и развојот на зимскиот туризам. Сегашната база што е направена на Пониква треба да остане, но скијачките терени да бидат преместени на Царев Врв. За таа работа има направено цела студија што понатаму ние ја користиме во изработка, односно се трудиме, во постапка сме да најдеме инвеститор кој ќе инвестира конкретен проект за изградба на нов ски-центар што ќе биде добра алтернатива, не само за Македонијам, туку и за поширокиот регион, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Градоначалникот потенцира дека во изминатиот период имало интензивна домашна и меѓународна соработка, а главна цел е да се подобрат состојбите во културата, социјалата, здравството, во патната инфраструктура и да продолжат започнатите капитални проекти. Општината очекува финансиска поддршка од Владата за проектот за изградба на нова детска градинка во населбата Драчевик и за одобрување средства за почнување градбата на браната Речани.

На крајот од оценката за првите сто дена, Илијев смета дека и покрај наследените непријатни финансиски околности, долгови по различни основи, нерационално, прекумерно трошење на крајот на претходниот мандат, со чесно и одговорно работење, ќе дојдат добри резулати што се од интерес на заедницата.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: West при 7 kmh
Четврток3°C/21°C
Петок8°C/23°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code