X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

uniformi bolnica09.02.2018  Комплетни униформи во вредност од околу 600 илјади денари добија вработените во Општа болница – Кочани како донација од бизнис-секторот. Се работи за современа заштитна облека според европските стандарди што, потврдувајќи ја својата општествена одговорност, ја донесоа три фирми.

На предавањето на донацијата беше речено дека се работи за почетна соработка меѓу стопанските субјекти и кочанската здравствена институција што ќе продолжи и во иднина, а со цел да им се помогне и на вработените и на граѓаните кои ги користат здравствените услуги.

Всушност, компаниите позитивно одговориле на повикот што пред извесно време го упати градоначалникот Илијев, да му се помогне на кочанското здравство.

- Реализираме една донација со вкупно 280 униформи за целокупниот персонал на Општа болница. Главниот донатор е фирмата “Албиро“ од Австрија којашто е специјализирана во производството на вакви униформи и што се користат насекаде во Европа, што значи дека тие се со европски стандард и квалитет. Другиот дел од донацијата го реализираат фирмите “Филип интернационал“ и “ИНТ“, што значи дека двете фрими помогнаа целата оваа акција да биде спроведена на начинот на кој беше договорено, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Директорката на Општа болница, Борка Панова која ја прими донацијата, се заблагодари за помошта и истакна дека со оглед на лошата материјално-финансиска состојба во која се наоѓа институцијата и воопшто здравството кај нас, добиената заштитна облека е повеќе од добредојдена.

- Еден по еден проблем се решаваат во здравството поради што јас имам голема благодарност, од мое лично име и од име на персоналот во Општа болница – Кочани за оваа донација, бидејќи ние не сме финансиски способни да ги обезбедиме униформите за здравствените работници. Со оваа донација сите вработени практично имаат униформи што доликуваат на еден здравствен центар, според сите стандарди што се пропишуваат во здравството, рече Борка Панова, директор на Општа болница – Кочани

Градоначалникот Илијев најави дека ова е само почеток на акцијата за донирање опрема и уреди за Болницата, а ги повика уи другите фирми во Кочани и регионот да се вклучат во донациите.

- Стопанствениците од општина Кочани, а посебно повик до оние кои се корисници на буџетски средства, односно кои учествуваат во изведба на проекти мојата желба е да ги повикаме и да се вклучат во вакви донаторски акции со цел да придонесеме за колку-толку да ги подобриме условите во Општата болница и во секоја сфера на нашето секојдневие, рече Илијев.

Во изминатите неколку месеци ова е трета поголема донација за Болницата во Кочани, откако на крајот на минатата година австриска хуманитарна организација донираше опрема и уреди за лица со инвалидитет, а пред десетина дена се договори опрема и медицински помагала да донира и хуманитарната организација Hand Till Hand од Шведска.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/5°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click