X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres vmro 100 dena09.02.2018  По изминувањето на стоте дена од владеењето на новата локална власт предводена од СДСМ ОК на ВМРО – ДПМНЕ Кочани на прес конференција го критикуваше работењето на СДСМ, истакнувајќи дека капиталните проекти што ги ветиле во предизборието не ни започнале да ги реализираат, туку напротив, спровеле проекти кои што не им се од корист на граѓаните.

- ВМРО – ДПМНЕ во изминатите 100 дена беше конструктивна опозиција поддржувајќи ги сите проекти на градоначалникот кои се од интерес на граѓаните на општина Кочани. Во изминатите 100 дена од доаѓањето на новата локална власт под мотото „Живот за сите“ со нивните нови најавени проекти: чост воздух за сите, чиста вода за сите, плата од 500 евра за сите, подобар живот за сите, расчистување со непотизмот во сите слоеви на општествениот живот.

Новата локална власт од овие проекти го спроведе следниве: незаконско зголемување на данокот на градежно земјиште, партиски и семејни вработувања на членови на семејствата на високи функционери, зголемување на цената на водата за пиење, тампонирање на 500 метри изгребан асфалт на магистрален пат Кочани – Делчево – проект на ВМРО – ДПМНЕ, поставување на 150 метри квадратни бекатон плочки, незасконска промена на раководители и директори на локално ниво под присила, уцена и закана, незаконска промена на членови на упрацвни одбори и училишни одбори, политички прогон на политички неистомисленици.

 

За капиталните проекти кои се од суштинско значење за животот на граѓаните на општина Колчани се уште не слушнавме. Продолжување на стопираните активности на проектот брана Речани, проектот ескпресен пат Штип – Кочани и други веќе отпочнати проекти.

Овие 100 дена споредени со 100-те дена на ВМРО ДПМНЕ изгледаа вака:

- Намалување на данокот на градежно земјиште за 25 проценти, изградба и осветлување на повеќенаменско игралиште во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, распишување на конкурс за изградба на фонтана и паркинг простор над кочанска река за решавање на сообраќајнниот метеж, замена на старите прозорци со нови во основните училишта „Никола Карев“ и „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, реновирање на мостот на Оризарска река и проширување и осветлување на влезот на населбата Оризари, попис и замена на електричните уличн светилки во периферните реони на Кочани, отпочната акција за изградба на потпорни ѕидови и многу други проекти, рече Кирил Георгиев, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи будно да ја следи работата на локалната власт во наредниот период а останува на граѓаните да дадат оценка за тоа кој гради и кој партиципира демократија, беше речено на пресот.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 70 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click