Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

reakcija kabinet pres vmro09.02.2018  Почитувани претставници на општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Вашата оцена на работата на новата локална власт во изминиве сто дена е пукање во празно.

Автогол со првата реченица и потврда дека сè што сме направиле досега е коректно и во интерес на граѓаните – затоа ВМРО-ДПМНЕ ги поддржал сите досегашни проекти и одлуки.

Јавноста знае што сработивме изминативе сто дена – затоа што работиме транспарентно и отворено – дебатираме и сограѓаните и со стручната јавност – а за сè решава Советот. Колку за илустрација – наспрема вашите фалби за потпорните ѕидови и бетонирани улички – ние во првите сто дена добивме 13,5 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“.

Вие ставивте нови прозорци во училиштата – но ги потонавте во долгови од 43 милиони денари. Зборувате за партизација во образованието – а заборавивте дека насила ги носевте наставниците на митинзи и ги претворивте во партиска машинерија. Спомнувате зголемување на данок – заборавивте ли дека во 2009 година, со нова методологија сите граѓани добија повисоки даночни сметки. Исклучоците беа ретки, но вам веројатно ви се познати. Неоправдано спомнувате непотизам – да ве потсетиме ли кој сè е вработен во Локалната самоуправа? Нè загрижуваат вашето критизерство и неинформираност особено кога зборувате за цената на водата, за која сите знаат дека е намалена.

Многу од она што вие го работевте –јавноста не знае. Не може ни да претпостави колку штетни се последиците од работењето на претходната власт. Затекнавме заостанати долгови, судски спорови, безидејна и инертна раководна администрација.

Вистина е дека работиме поинаку од вас. По сто дена финансиската состојба е стабилизирана, разговараме за проекти во кои нема уцени и провизии, меѓу нив е и браната „Речани“, која ќе продолжи да се гради.

Граѓаните знаат дека сега локалната власт работи поинаку од вас: законито, одговорно, транспарентно и отчетно, се вели во писмената реакција од кабинетот на градоначалникот Николчо Илијев.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SSE при 4 kmh
Среда17°C/28°C
Четврток16°C/26°C
Петок16°C/29°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 138 гости и нема членови


web counter



qr code