Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vinica prekugranicna kino09.02.2018  Реконструкција на кино-салата во Виница и монтажна бина за оддржување културни настани се двата проекти со кои планира да аплицира Виница на претстојниот втор повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија, со лимит до 250 000 евра по општина.

- Денес во Oпштина Виница престојуваше делегација од општина Банско предводена од нивниот градоначалник. Разговаравме за проектите за кои што ќе аплицираме. Еден од таквите проети е реконструкција на кино салата во Виница, а друг проект е реализација на монтажна бина за културните настани во нашата општина, рече Ивица Димитров, градоначалник на општина Виница.

Градоначалникот на Банско, Ѓорѓи Икономов средбата во Виница ја искористи и за проширување на соработката во областа на гасификацијата.

- Општина Виница има локација за гасна станица, предвидени се вакви проекти, мораме да ги видиме законите кои се предвидени од наша страна, до крајот на оваа година треба да се изгради гасоводот до Штип, се надеваме дека следната година ќе има крак до општинте Кочани и Виница, додаде Димитров.

Виница и Банско како збратимени општини веќе имаат позитивни искуства во реализација на заеднички проекти од областа на туризмот, со кој пред неколку години беше подобрена инфраструктурата на Виничко Кале со асфалт и осветлување.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 31%
Ветер: ESE при 4 kmh
Понеделник13°C/29°C
Вторник13°C/29°C
Среда13°C/28°C
Четврток14°C/29°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code