X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zvonko gorgiev12.02.2018  Звонко Ѓорѓиев, стопанственик и поранешен борач е избран за нов претседател на Управниот одбор на БК “Спартак“. Тој доби едногласна поддршка од присутните на годишното собрание на клубот што го свика иницијативен одбор составен од поранешни борачи, тренери и вљубеници во борењето.

Претходно, досегашниот претседател Јордан Димитров даде краток отчет за работата во изминатиот период, по што поднесе неотповиклива оставка.

По изборот на функцијата, новиот претседател Ѓоргиев се заблагодари на поддршката и вети заживување на “Спартак“ и на борењето во Кочани, иако знае во каква состојба се наоѓа во моментот.

- Во разговор со поранешниот претседател, ми наведе дека многу малку борачи има, дека скоро и да нема борачи. Гледам дека интерес има, борачи поранешни, но треба да работиме заедно да создадеме нешто. Ќе се сложам со господинот од “Комарец“ што напиша дека клубот е пред распаѓање, му честитам за таа мисла, беше пред распаѓање, но ние ќе се нафатиме да го кренеме на нозе, бидејќи состојбите какви што се со сала, со борачи и другите работи, ќе ги разговараме дополнително, денеска не можеме околу тоа да разговараме, рече Звонко Ѓорѓиев, претседател на БК “Спартак“

Ѓорѓиев најави дека наскоро ќе се одржи нов состанок на кој ќе се разговара за финансирањето на клубот, враќањето на борачите и воопшто за подобруваање на состојбата.

- Разговарав во Локалната самоуправа со градоначалникот, кој дава поддршка со одредени средства што се наведени во Програмата на Советот на Општина Кочани, ние ќе се бориме да издејствуваме што повеќе, ќе бараат од нас резултати за да добиеме повеќе средства. Се надеваме и на поддршка од одредена група стопанственици кои се заинтересирани, но за тоа потоа. Мандатот на претседателот е 4 години, а јас веднаш ќе ви дадам отчет за една година. Ако нема некаков резултат во “Спартак“, нема да дозволам да стојат резултатите и се надевам дека ќе го помрднеме од мртва точка клубот, додаде Ѓорѓиев.

Претседателот на “Спартак“ ги предложи новите членови на Управниот и на Надзорниот одбор кои добија поддршка од присутните на годишното собрание. Со тоа, покрај Ѓоргиев, во Управата влегуваат и Љупчо Стојанов, Игор Христов, Благој Јорданов, Ацо Стојановски,  Орце Митров, Тоше Стојановски, Звонко Илиевски, Јорданчо Јанев, Димче Нешев и Бобан Савев, додека Надзорниот одбор го сочинуваат Влатко Соколов, Димитар Горгиев и Гоце Ангелов.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/5°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click