Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

beli mugri13.02.2018  Реконструкцијата на зградата на ЦК “Бели мугри“ влезе во овогодишната програма на Министерството за култура за изградба на нови и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи што се занимаваат до културна дејност.

Според податоците што министерството и официјално ги истакна на својата веб страница, кочанскиот културен центар во 2018 година ќе добие околу 220 илјади евра со кои ќе може во прва фаза да започне обновувањето на објектот.

Добивањето на средствата доаѓа како резултат на соработката што Локалната самоуправа ја воспостави со ресорното министерство, а посебно по посетата што министерот Алаѓозовски ја имаше на крајот на декември.

Градоначалникот Илијев, при неодамнешното гостување во емисијата “Осумаголник“ на Канал 8 рече дека во план е целосна реконструкција на Центарот за култура, како објект со посебна културна вредност и значење за општината и регионот. Притоа потенцираше дека определената сума ќе овозможи реализирање само на еден дел од планираните работи, па се очекува да се добие и дополнителна поддршка.

- Сакаме автентично да го задржиме неговиот изглед, за таа намена, за почеток добивме 13,5 милиони денари, што нема да бидат доволни, меѓутоа има најави дека со ребалансот на буџетот веројатно ќе се обезбедат дополнителни средства за да можеме да го реконструираме комплетно Центарот за култура. Ќе биде одлука на стручните лица што најпрвин, веројатно ќе се одлучат да ја направат фасадата, кровот и се што е надворешно да го заштитиме, а после тоа веројатно ќе следи уште една толкава акција каде треба и внатрешно комплетно да биде реновирано и да се стави во функција на граѓаните, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Последен пат поголем зафат на зградата на Центарот за култура во Кочани се направи пред околу 8 години кога беше променета кровната конструкција и се покри една од  страничните тераси. Најави за обновување на фасадата и на внатрешноста имаше и на почетокот на минатата година, но тогашното министерство за култура не даде информаци зошто парите не беа префрлени и не започнаа градежните работи.

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 13 kmh
Понеделник3°C/8°C
Вторник3°C/9°C
Среда4°C/9°C
Четврток4°C/10°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 106 гости и нема членови


web counter



qr code